Главниот женски лик во оваа книга е толку уникатен, толку весел, толку позитивен што едноставно нема да можете да речете дека не сте ја засакале после ови 300 – 400 страници.
Таа во напад на паника, мислејќи дека ќе се сруши авионот, на тотален странец кој седи до неа му ги кажува своите „најмрачни тајни“. Не, тоа не се страшни големи тајни поради кои некој може да ве мрази или да одите во затвор. Тоа се мали, смешни тајни кои немаат никакво значење за никого освен за неа. Откако ситуацијата со авионот завршува во најдобар ред, таа е засрамена, но од друга страна се теши дека сепак не е толку страшно бидејќи човекот кој седеше до неа нема никогаш повеќе да го види.
Сè додека неколку недели подоцна таа не го запознае својот нов шеф… кој сега случајно знае дека таа истура кафе во цвеќето на нејзината колешка која не може да ја поднесе, дека го лаже своето момче за бројот на својата облека, т.е вели дека носи неколку броја помала долна облека, дека има соништа кои некогаш ја вклучуваат нејзината најдобра пријателка на малку невообичаен начин . . .
Знаеш само дека кога ќе завршиш со читање ќе тргнеш да бараш повеќе од позитивната дрога на Софи. За секоја девојка што ги сака книгите од овој тип, препорачувам дека ова е книга која едноставно не смеат да ја пропуштат.