Истрагата на бруталните убиства на момчињата имигранти сè уште тапка во место. Паралелно со неа има уште еден убиец кој со грозоморни убиства им се одмаздува на поранешни ученици на училиште каде што своевремено учела и таинствената Викторија Бергман. Жанет открива дека има нешто што ги поврзува двете различни истраги – скриена мотивација во која нема ни ронка човечност. Ништо не е онака како што изгледа. Кога маските паѓаат и сите си ги покажуваат вистинските лица, Жанет е оставена на милост и немилост на силите на злото.
Психијатарката Софија Зетерлунд се обидува да ѝ помогне на Жанет, но и таа е затрупана во доволни свои проблеми со комплицираната Викторија Бергман. Како ќе заврши лавиринтот од психоанализи, останува неизвесно до самиот крај.
„Збогум, Ханибал Лектор. Тој стар канибал психолошки е интересен колку канаринец во споредба со Викторија Бергман“.
Bodil Juggas, Arbetarbladet
Жанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм. На местото на злосторството има бизарни детали кои упатуваат на тоа дека станува збор за ритуално убиство или одмазда.
Сè се враќа, сè се плаќа. ОД МИНАТОТО НЕ СЕ БЕГА.
Психијатарката Софија Зетерлунд ѝ помага на Жанет во изработката на профил на сторителот, а нивното зближување дополнително ги комплицира сите работи, загрозувајќи го дури и животот на синот на инспекторката. Во меѓувреме, Жанет ѝ влегува во трага на мистериозната Викторија Бергман која очигледно е клучна за решавање на овој замрсен лавиринт од злосторства…
Специјална награда од Шведската академија за крими-романи, која ја оценува трилогијата како „Хипнотички занесна крими психоанализа“.
Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји!
На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара. Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара. Инспекторката што ја води истрагата, Жанет Килберг, полека почнува да разоткрива цела мрежа на педофили и трговци со деца и бара помош од психијатар чија специјалност се токму децата и траумите од детството. Некој кој може да ѝ објасни како размислува еден педофил.
Софија Зетерлунд во моментот е фокусирана на двајца пациенти: Самуил Баи, дете-војник со тешки трауми и Викторија Бергман, жена со длабоки, неизлечени рани од детството. Особено ја фасцинира Викторија; таа никогаш во својата кариера нема работено со толку комплициран клиент. Зошто Бергман толку ја презира слабоста и која е нејзината слабост?
Софија Зетерлунд и Жанет Килберг почнуваат да соработуваат и се соочуваат со истото прашање: колку страдање може да поднесе и предизвика човек пред да престане да биде човек и да стане чудовиште?
„Подобро од Стиг Ларсон“.
Andres Wennberg, Gefle Dagblad
Нема производи |