Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Малцински Извештај - Филип К. Дик

Автор 
Оцена
(40 оцени)

Малцински Извештај - Филип К. Дик

Дали можеме да ја предвидиме иднината? Правичен систем на вредности? Општество ослободено од криминал?

Фантастичниот SF автор Филип К. Дик во стотина страници нѝ нуди приказна за една поинаква стварност, за едно контролирано општество лишено од криминал и насилство. Преткриминалистичката агенција се грижи за безбедноста на граѓаните, нема затвори и казнени установи. Прекогнитивци кои преку своите визии спречуваат насилства. Навидум совршен механизам.

Но дали тоа може да се злоупотреби? Фили Л. Дик е автор на многу екранизирани SF дела, меѓу кои е и ова, но приказната во филмот и овде не се идентични, сепак, како појдовна точка е земено дејствието во книгата.

Едно од неговите најпознати екранизирани дела е секако Do Androids Dream of Electric Sheep? или Блејд Ранер (филмскиот наслов) од 1982. година, во режија на Ридли Скот. Тука се и одличните Paycheck од 2003. година со Бен Афлек и A Scanner Darkly од 2006. со Киану Ривс, Винона Рајдер и Роберт Дауни Помладиот.

За разлика од останатите SF автори, Филип К. Дик повеќе се осврнува на човековата психологија, контролирани стварности, борбата меѓу луѓето и машините отколку на далечни светови, паралелни димензии и вонземјани.

Книгата е преведена на македонски јазик и издадена во 2005 година.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Немам читано ништо од овој автор до сега ама како и да е ова изгледа интересно... btw. инспиративна статија :)

    0 Like
  • Книгата ја немам читано но филмот многу ми се допадна!!!

    1 Like
  • И јас исто книгата ја немам читано(наскоро ќе ја побарам)а филмот ме воодушеви.

    1 Like
  • Силвана книгата е во издание на Темплум и е 150 денари!Поздрав

    1 Like
  • Каде се наоѓа книжарницата, немам слушнато за неа?

    1 Like
  • Не ми се верува дека филмот е снимен во 1982 ... wooww ... дали е сигурно ова ... фала ти другарче за статијава и препоракава, одлично сторено :)) ќе ги погледнам и другите филмови а и книгава ќе ја побарам ... ми се допадна темата - биомеханика, генетички инженеринг ... до каде оди човековата свест и 'без'свест ... хмммммм а за музиката на Вангелис останувам без зборови ... совршено футуристичка.
    Поздрав

    1 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter