Подарете книга за 8-ми март!
На 03/03/2019 | 0 Коментари

Драги читатели, од понеделник, 04.03, почнуваме со осмомартовска акција која ќе трае до крајот на неделата, 09.03, во книжарницата на Сакам Книги, како и на нашиот сајт: www.sakamknigi.mk. Условите се малку различни, бидејќи програмата за лојалност не можеше да биде имплементирана и на сајтот во оваа прва фаза, но се потрудивме бенефициите да бидат слични, па така, ќе има попуст од 10% на сите наши изданија и во книжарницата и на сајтот.

Во книжарницата ќе има и + поени на сите изданија по редовната легенда (наши изданија, изданијата на сите други македонски и странски издавачи), како дополнителни 50, 80 и 100 поени на насловите кои ќе бидат изложени во средишниот промотивен пулт во книжарницата. Згора на тоа, ќе има подарок букмаркер за секоја жена со сметка над 1500 денари.

На веб сајтот исто така ќе има подарок букмаркер за секоја жена со сметка над 1500 денари, како и бесплатна достава за нарачките над истата сума. Попустот од 10% на сајтот може да го добиете со внесување на кодот: 8MART.

Да потсетиме дека специјално за празникот во продажба се пуштени и вредносни ваучери за подарок од 500, 1000 и 1500 денари кои можете да им ги подарите на вашите најблиски доколку не сте сигурни кои книги да им ги одберете. За оние кои ќе купуваат со ваучер важат истите попусти и поени како и за оние кои плаќаат во готово/картичка.

Напомена: Собраните поени не може да се користат за време за акцијата. Може да се користат уште од првиот ден по завршувањето на акцијата.

 

Еве и листа со насловите кои ќе носат дополнителни поени за време на акцијата:

Книга Поени
Старомодниот водич за љубов и романса 100
Од љубов до омраза 100
Мојот (не баш) совршен живот 80
Сушата 80
Се, баш се – Никола Јун 80
Една од момците 80
Желки до бесконечност 80
Чудо 80
Приказна за една мајка 80
Крадци и проститутки 80
Еленор Олифант е океј 80
Онаа ноќ во Њујорк 80
Нешто сино 80
Сосед од пеколот 80
Никогаш не се знае 80
Прошетка по облаците 80
На улица Шкотска 80
Во потрага по Алјаска 80
Тајната на сопругот 50
Јас и ти 50
Го Сакам Њујорк 50
Тајната сопруга 50
Ти не знаеш да сакаш 50
Живот за живот 50
Сонувај малку 50
Перфектна хемија 50
Еленор и Парк 50

 

Напиши коментар