5 совршени романси за на плажа ова лето
На 20/06/2019 | 0 Коментари
  1. Тајни на летната ноќ

Четири млади дами во ќоше во една сала за танцување прават пакт меѓусебно да си помогнат да пронајдат пристојни сопрузи… по секоја цена.

  1. Знаеш ли да чуваш тајна?

Запознајте се со Ема Кориган, млада жена со огромно срце, нескротлив дух и неколку мааали тајнички. Тајни што ги крие од нејзиниот дечко (како на пример тоа дека нема баш 52 килограми), тајни што ги крие од нејзината мајка (како на пример тоа кога и каде ја изгубила невиноста). Тајни што не би ги споделила со никој на светот, како на пример тоа дека истура кафе во цвеќето на злобната колешка на работа секогаш кога ја вади од такт. Сè додека не се најде во опасна ситуација за време на еден лет, па мислејќи дека авионот ќе се урне, во паника му се исповеда за сè по ред на непознатиот тип до неа.

untitled

  1. Флерт, уцени и високи потпетици

Викторија е експерт за одење на интервјуа и рандевуа. Таа е малку несмасна, но крајно симпатична хероина која е во постојана потрага по совршената работа и совршениот маж. Еден ден, нејзиниот досаден живот добива сосема друга димензија, кога нејзините очи ќе налетаат на фотографии од навидум среќно заљубен пар.

  1. Најслаткото нешто

Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг.

  1. Тајната колиба на плажата

Летото во 1942 година, дваесет и едногодишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри.

5 совршени романси за на плажа ова лето

Напиши коментар