Повторно го прошируваме тимот: бараме лектор!
На 01/08/2022 | 0 Коментари

Издавачката куќа Сакам Книги бара лектор (со положен испит) за хонорарна или редовна работа (зависно од договор со избраниот кандидат, постојат опции за двата вида соработка). Иако соработуваме само со докажани преведувачи чии преводи навистина се квалитетни, позицијата ќе бара:

  1. Темелна проверка на книги: ловење основни печатни грешки, ревизија и реформулација на реченици каде што е потребно, внимавање на употреба на погрешни времиња, странски зборови, погрешно употребени зборови, интерпункциски знаци, проверка на факти и сл.
  2. Внимателност, деталност и професионализам.
  3. Почитување рокови.
  4. Добра комуникација со: преведувачи, уредници и останати соработници.

Платата или хонорарот ќе бидат договорени во зависност од обемот на работа, брзината/темпото на работа, начинот на работа и сите останати услови и фактори.

Заинтересираните кандидати ќе треба да направат мала пробна лектура (со Track Changes) на текстот кој може да се преземе на овој линк. Пробната лектура заедно со ваше резиме испратете ја на contact@sakamknigi.mk. Огласот е отворен до 07.08.2022.

Напиши коментар