Бараме книжар/ка за книжарницата во Капитол
На 11/03/2021 | 0 Коментари

Потребни квалификации и вештини:

  • Познавање на книжевнотo портфолио на Сакам книги
  • Работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на работа со Microsoft Excel
  • Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
  • Основно познавање на материјално и финансиско работење

Задачи и одговорности:

  • Продажба во книжарница во трговски центар, што подразбира подготвеност за работа во работното време на истиот трговски центар.
  • Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
  • Комуникација со соработници и читатели/купувачи
  • Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер  

Личен профил:

  • Одлични комуникациски способности и професионален однос
  • Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
  • Подготвеност за работа во смени
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата 
  • Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа

Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи кои ќе му бидат препуштени.

Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на contact@sakamknigi.mk. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 19.03.2021.

Напиши коментар