Саем на книга од 08 до 14 септември, 2020
На 31/08/2020 | 0 Коментари

Драги читатели, со радост го најавуваме нашиот и ваш сакан Саем на книгата, кој оваа година ќе се одржи на отворен простор, на паркингот пред салата „Борис Трајковски“, од 8 до 14.09.2020. За време на Саемот во целост ќе бидат применети сите мерки и препораки и Протоколот за начинот и условите за одржување на настани, Протокол број 33 донесен од Владата на РСМ.

За овој убав настан ви подготвивме седум новитети, кои ќе имаат промотивен попуст од 15%, но и големи попусти на сите други наши изданија, од 30%, па до 50%. Бидејќи веќе имаме прилично многу книги, не беше возможно да се опфатат сите во каталогот, па на овие 30тина страници ќе ги најдете најатрактивните понуди, а подолу може да го погледнете и целиот наш ценовник во кој ги имате цените на сите книги.

Каталогот може да го разгледате на овој линк.

* Мораме да нагласиме дека попустите од 40% и 50% ќе траат до исцрпување на залихите. Бидејќи веќе знаеме дека побарувачката е огромна кога станува збор за 40%-50% попуст на нашите изданија, не можеме да гарантираме до кога ќе траат залихите; можеби ќе се потрошат и за два-три дена од почетокот на саемот (иако има големи количини), така што, ако сте заинтересирани за некој од овие наслови, подобро посетете го саемот во текот на првите денови.

Комплетниот ценовник можете да го преземете на овој линк.

Напиши коментар