Повторно го прошируваме тимот!
На 03/09/2021 | 0 Коментари

Повторно сме во потрага по нови преведувачи кои ќе му се приклучат на нашиот тим. Како и претходно, сите заинтересирани ќе треба да направат еден мал пробен превод, со мали извадоци од различни жанрови. Поради минати лоши искуства, кога извадокот бил супер преведен, а потоа ангажираниот преведувач предава многу лош превод на целосната книга што не е во согласност со првиот превод што го направил, го задржуваме правото да побараме уште една дополнителна мала проба од финално избраните кандидати кои ќе влезат во најтесен круг.

Извадокот за пробен превод може да го отворите на овој линк тука, а преведените текстови со ваше име, презиме и CV (или барем кратко инфо околу вашето искуство), испратете ги на contact [at] sakamknigi.mk.

Бараме хонорарец, кој ќе преведува зависно од нашите потреби и неговите можности. Заедно ќе се договараме за бројот на книги кои ќе се преведуваат во текот на годината. За сите останати услови ќе се дискутира на крајот со избраниот преведувач, зависно од квалитетот на превод, искуство, темпо на работа и слично.

Иако имаме голема база на апликанти од последниот ваков оглас во 2019 година, се покажа дека голем дел од тие апликанти веќе не се достапни на истите мејлови или се вработиле во меѓувреме, па решивме да отвориме целосно нов оглас. Доколку сте аплицирале и тогаш и не сте добиле мејл дека не сте влезени во потесен круг, а сè уште сте заинтересирани за хонорарна работа, слободно аплицирајте повторно.

Напиши коментар