Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
Основно познавање на материјално и финансиско работење
Задачи и одговорности:
Продажба во книжарница во
трговски центар, што подразбира подготвеност за работа во работното време
на истиот трговски центар.
Административна работа
(креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и
дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за
книжарницата итн.)
Комуникација со соработници и читатели/купувачи
Дополнителни задачи по барање
на претпоставен менаџер
Личен профил:
Одлични комуникациски
способности и професионален однос
Одговорна, лојална, љубезна
личност и тимски играч
Подготвеност за работа во смени
Позитивен и проактивен пристап
кон работата
Предност ќе имаат креативни
лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со
нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа
Избраниот кандидат ќе
биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно
обучен за сите останати задачи кои ќе му бидат препуштени.
Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на contact@sakamknigi.mk. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 27.05.2020.
Издавачка куќа Сакам КнигиНие живееме за книгите. Нашата цел е да им го понудиме најдоброто што постои на нашите читатели: најдобрите книги, најдобрите преводи, најдобрите понуди и сето тоа по прифатливи цени.