Бараме графички дизајнер
На 21/10/2021 | 0 Коментари

Бараме фриленс графички дизајнер – креативна личност која има познавање од областа на графичкиот дизајн и фотографија.

Потребни квалификации и вештини:

– Искуство од минимум 1 година како графички дизајнер, со конкретни сработени проекти во своето портфолио;
– Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator и Corel Draw.
– Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
– Креативност, самостојно генерирање идеи
– Око за детали
– Почитување крајни рокови
– Организираност

Ќе се смета за голема предност доколку кандидатот воедно е и фотограф аматер со свој фотоапарат.

Цели и одговорности:

– Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали: банери за вебсајт и социјални медиуми
– Подготовка на каталози и припреми за печатење
– Дизајнирање корици и решенија за продажни промоции

____________________________________________________________

Што нудиме?

– Хонорарна соработка со можност за вработување со полно работно време.

– Одлични услови за работа со искусен и амбициозен тим, кој постојано ќе ви стои на располагање за соработка, размена на идеи и ќе допринесе за ваш понатамошен раст и усовршување.


Сите заинтересирани кандидати треба да испратат својата кратка биографија и портфолио на contact@sakamknigi.mk, најдоцна до 1 ноември 2021.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите и сметаме дека добро би се вклопиле во нашиот постоечки тим.

Напиши коментар