9. Популарна психологија (34)

Showing 17–32 of 34 results

Подреди:
  • img-book

    Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

    Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.

    Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен

    со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат… Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.

    Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.


  • img-book

    Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

    Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

    „Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“


  • img-book

    Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.

    Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој  го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.


    Стравот од: 299 ден
  • img-book

    Ги знаете ли седумте работи со кои мажите ги излудуваат жените? Или вистинската причина зошто жените плачат повеќе од мажите? Што всушност знаат мажите и жените едни за други?…

    Ова е само воведот на Барбара и Алан Пиз во дискусијата за суштинските ‒ честопати и комични ‒ разлики меѓу двата пола. Потпирајќи се на најновите научни сознанија, со доза препознатлив хумор, авторите ви помагаат да почнете да ја разбирате другата страна. Им објаснуваат на жените зошто мажите не сакаат да се врзат, што ги тера да лажат, што бараат кај една жена и како да го дешифрираат машкиот говор. А на мажите им откриваат зошто жените понекогаш се давежи, како манипулираат со емоционалната уцена, но и кој е нивниот таен систем за бодување. Освен тоа, ви разгатнуваат што ги пали, а што ги одбива мажите и жените кај спротивниот пол!

    Светскиот бестселер Зошто мажите немаат поим, a жените никогаш немаат доволно чевли е проверен одговор за разбирање на вашата втора половина што гарантирано ќе ви помогне да го извлечете максимумот од врската!


  • img-book

    „Говорот на телото“ од меѓународно признатите стручњаци за меѓучовечките односи Алан и Барбара Пиз открива дека она што луѓето го зборуваат често се разликува од она што го мислат или чувствуваат.

    Од оваа стручна и забавна книга можете да ги дознаете тајните на говорот на телото и да ги читате мислите на другите преку нивните гестови. Да дознаете како да бидете пријатни, како да стекнете повеќе самодоверба и како да ја контролирате секоја ситуација. Да ги откриете техниките кои ќе ви покажат како да ги толкувате гестовите и како да ги читате неизговорените мисли и емоции – и да извлечете правилни заклучоци.

    – Како да им оставите позитивен впечаток на другите?
    – Како успешно да преговарате?
    – Како да знаете дали некој е достапен?
    – Како да увидите дека некој лаже?
    – Како да читате меѓу редови?
    – Како да го користите говорот на телото за да го постигнете она што го сакате?


  • img-book

    Кога Нил Доналд Волш поминувал низ најлошиот период од својот живот, одлучил да му напише писмо на Бога во кое му поставил многу лути прашања. Но она што не го очекувал било дека ќе добие одговор, чиј резултат е серијалот Разговори со Бога.

    Разговори со Бога – Книга прва беше топла Божја прегратка околу рамењата. Книга втора беше благо предупредувачко протресување на тие рамења. Третата книга нè води уште подлабоко во нашите размисли и во потрагата по одговори на најважните универзални вистини. Таа открива пред нас нови предизвици и можности на душата. И ни го покажува патот по кој можеме да стигнеме до нив.

    Неверојатната серија книги Разговори со Бога содржи одговори кои ќе ве променат вас, вашиот живот и начинот на кој ги гледате другите луѓе.


  • img-book

    Нил Доналд Волш еден ден седнал со пенкало во рака и со тешки прашања во своето срце. Додека ги пишувал своите прашања упатени кон Бога, сфатил дека Бог ги одговара – директно – преку неговото пенкало. А резултот бил серија духовни, провокативни и длабоки книги кои ги сменија животите на читателите низ светот.

    „Разговори со Бога – Книга втора“ е втора во низата од три книги на разговори со Бога, кои траеја повеќе од пет години и кои се одвиваат сѐ до денешен ден. Во неа дијалогот се проширува справувајќи се со поглобални теми за геополитичкиот и метафизичкиот живот на планетата, како и предизвиците со кои се соочува светот. Во оваа книга Волш ја пренесува пораката со која Бог ни нуди пресврт на нашата планета; социјални, сексуални, образовни, политички, стопански и теолошки промени какви што досега немаме видено, а ретко сме ги и замислувале. Можеме ли навистина да изградиме таков свет? Бог вели дека можеме, а се што ни е потребно е нашиот избот навистина да го направиме тоа.

    Разговори со Бога – Книга прва беше божја топла прегратка околу рамењата. Книга втора се доживува повеќе како благо предупредувачко протресување на тие рамења. Таа е повик за будење, предизвик да се појде кон следното ниво.

    Сите нешта почнуваат од тебе. Сакаш светот да се промени? Промени ги нештата во својот свет!


  • img-book

    Замислете да можете на Бога да му ги поставите најмистериозните прашања и претпоставете дека Бог ви дал разбирливи и јасни одговори. Тоа му се случило на Нил Доналд Волш. А може да ви се случи и вам. Подгответе се за еден необичен разговор што ќе ви го смени животот!

    Во еден тежок период од својот живот, Волш напишал луто писмо до Бога, прашувајќи го зошто животот му е неуспешен на сите полиња. И потоа слушнал глас: „Дали навистина сакаш одговор на сите овие прашања?“ Волш почувствувал дека одговорите му проблеснуваат во свеста и одлучил да ги запише. Дијалогот што следувал е книгата што ја држите в раце.

    Таа дава одговори на прашањата што сите ние си ги поставуваме: за животот и љубовта, меѓучовечките односи, доброто и злото, вината и гревот, простувањето и спасението, рајот и пеколот… Отворено зборува за моќта, парите, сексот, децата, бракот, разводот, здравјето, животното дело, иднината, минатото, сегашноста… Ги истражува војната и мирот, земањето и давањето, видливото и невидливото, вистината и лагата, конкретното и апстрактното…

    Понекогаш се појавува книга чија длабока мудрост од корен ќе ве смени. Разговори со Бога од Нил Доналд Волш е токму таква книга. Ќе ви помогне да се сетите кои сте навистина, зошто сте тука и која е повозвишената цел на животот. Ќе ви овозможи длабоко духовно будење и ќе го означи почетокот на едно посебно патување за духовен развој и проширување на свеста.


  • img-book

    Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина. УСА Тудеј


  • img-book

    Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно, но нешто недостига, нешто суштинско што го први животот убав, интересен, неповторлив…

    Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
    Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.

    „Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“ Мадам Фигаро


  • img-book

    Колкав е природниот век на човекот? Научните студии велат дека изнесува некаде над 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години. Тоа е должината на животот која научниците ја измериле според хромозомите или, уште поточно, според теломерите. Ќе се согласиме дека, според денешните стандарди, тоа е импресивна бројка.

    Денес сме соочени со болести кои во 80 % од случаите можеме да ги спречиме. Да, можеме! Тоа се во прв план кардиоваскуларните болести. Здравствената криза може да се реши само на еден начин: ако секој од нас направи промени кон подобро во својот животен стил. Сите сме засегнати – или лично или преку најблиските. Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.

    Најновите научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети – ваш сигурен пат до долговечноста!


  • img-book

    Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

    Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
    – Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
    – Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
    – Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
    – Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.


    Клубот 5 наутро од: 500 ден
  • img-book

    На страниците на оваа извонредна книга ќе откриете практични, а сепак моќни методи за пресоздавање на вашиот живот и одново поврзување со своето најдобро јас. Напишана како интересна и искрена приказна, СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ ви дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции што ќе ви помогнат да ја откриете својата судбина, да ја живеете највисоката вистина како човечко суштество, и да ја најдете постојаната среќа што ја барате.

    Во овој револуционерен водич за живеење на својот живот на најавтентично ниво, ќе научите:
    – како да ги разбудите вистинските дарби и силно да заблескате во светот
    – како да ги претворите стравовите во слобода и раните во мудрост
    – лекции што ќе ви помогнат да го усовршите умот, да го отворите срцето, и да го негувате духот
    – едноставни методи за прекрасни врски исполнети со вистинска љубов
    – начини за повторно воведување на авантурата, мистеријата и забавата во животот
    – техники како да станете ѕвезда во кариерата и да привлечете богатство


  • img-book

    Едноставниот, инспиративен и докажано ефикасен систем на прочуениот гуру открива како да му помогнете на своето дете да го оствари својот целосен потенцијал, а притоа да постигнете и сопствен внатрешен мир.

    Џулијан Ментл, поранешен адвокат кој навреме ја осознал вистинската смисла на животот, е подготвен за нови предизвици. На патот кон исполнето, урамнотежено и среќно постоење нема поважен фактор од семејството. Затоа Џулијан во оваа книга изложува низа проникливи сознанија и практични совети со кои ќе му овозможите на своето дете да ги препознае и да ги реализира своите дарби. Исто така, ќе ви покаже како со членовите на семејството да остварувате однос исполнет со доверба, кој ќе се претвори во цврста и нераскинлива врска.

    Споделете ја радоста на живеењето со своите најблиски и научете како подобро да се разбирате. Насочете ги своите деца по патот на големите соништа и покажете им дека ништо не е недостижно. Свртете се кон тоа што ви е најважно и секој ден уживајте во даровите што ви ги дава животот.


  • img-book

    Во Кој ќе плаче кога ќе те нема, Робин Шарма нуди 101 едноставно решение за најкомплексните животни проблеми, почнувајќи од малку познатиот метод за борба против стресот и грижите, па до моќта што потекнува од вас кога создавате нешта кои, многу години откако ќе ве нема, ќе претставуваат ваша оставина за најблиските и за човештвото. Насловите на некои од темите се: Почитувајте го своето минато, Откријте го својот позив, Почнете го денот убаво, На проблемите гледајте како на благослови…

    Ако сте подготвени да го замените чувството на празнотија во себе со длабоки чувства на задоволство, мир и страст, и сакате да водите живот полн со смисла и цел – ова е идеална книга за вас.

    Со своите книги, Робин Шарма веќе го промени животот на милиони луѓе низ светот. Оваа книга е уште една ризница на мудрости, релевантна за овие наши турбулентни времиња.


  • img-book

    Креативна визуелизација е уметност на користење умствени слики и афирмација за воведување позитивни промени во животот. Успешно се применува во здравјето, образованието, бизнисот, уметноста, спортот – всушност, позитивно влијае на секое поле од животот. Долгогодишен бестселер  со продадени над шест милиони примероци во светот, овој прирачник уште со првото издание покрена ново движење во личниот развој.

    Овој класичен водич изобилува со медитации, вежби и техники што ќе ви станат дел од секојдневјето и ќе ви овозможат да управувате со сопствениот живот.  Со помош на моќта на имагинацијата можете да го создадете она што го сакате во животот, и многу повеќе:

    – да ги искорените лошите навики,
    – да ја зголемите самодовербата,
    – да напредувате во кариерата,
    – да ја развиете креативноста,
    – да ги подобрите виталноста и здравјето,
    – да практикувате длабока релаксација.