Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример:
– Оглушувачкиот звук на експлодирање на куќата.
– Парализирачкиот страв додека ја барав мојата сопруга.
– Заслепувачкиот чад кој ми ги гореше очите додека ја изнесував на раце.
Но она што ќе остане најсилно врежано во мојата душа до крајот на мојот живот ќе биде потресниот момент кога сфатив дека жената во моите раце всушност не е мојата сопруга.
Јас и Бри бевме единствените преживеани во фаталната несреќа – иако ни на двајцата не ни се ни живееше веќе по таа ноќ. Како самохран татко на кој штотуку му изгоре домот и сѐ што поседував, немав друг избор, па ја прифатив нејзината великодушна понуда привремено да се вселам во нивната гостинска куќарка. И некако, низ болката и тагата, оформивме еден невообичаен тим. Беа потребни години, но гледав како постепено ѝ се враќа насмевката на лицето – бавно и прекрасно. Навечер седевме и разговаравме со часови, празни муабети, но пополнуваа огромна дупка во моите гради.
Иако јас ја изнесов неа од пожарот, вистината е дека Бри ме спаси мене. Нашата љубов се роди од жарјето, но којзнае дали можевме да ја преживееме и експлозијата од тајни и лаги од минатото.
Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете.
Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?
Никој ја нема предупредено дека да бидеш мајка може да биде страшно и извор на нездрава осаменост. Никој ѝ нема кажано дека не сите жени ги сакаат своите бебиња. Можеби е најдобро Џесика сега засега да си ја чува оваа тајна за себе…
Историска драма за Втора Светска Војна, сага за недозволена љубов, убиство и одамна загубена слика…
Летото во 1942 година, дваесет и едно годишната Ен Келовеј, неодамна свршена, одлучува да ја напушти својата земја за да служи во Армијата на медицинските сестри на Пацифичкиот остров Бора-Бора. Ова за неа претставува нешто сосема ново и возбудливо, сосема спротивно од она на кое е научена и навикната со нејзиниот мирен и предвидлив свршеник, па нејзиното внимание веднаш го привлекува мистериозниот војник по име Вестри. Нивното пријателство на прекрасно опишаниот остров наскоро почнува да цути како што хибискусот цути покрај океанот. Но покрај океанот има и нешто друго…
Мал, напуштен бунгалов на одамна починат сликар, непознат за останатите војници, па Ен и Вестри се состануваат под малиот речиси распаднат кров на колибата каде делат еден свој приватен свет. Но нивниот мал идеален свет во колибата се распаѓа кога стануваат сведоци на грозоморно убиство во близина на колибата. Брзо по убиството, Вестри одеднаш го преместуваат на друга воена локација и целата убавина исчезнува во ветриштата на војната.
Ен Келовеј, сега старица, ја раскажува оваа приказна обидувајќи се да открие нешто повеќе во врска со љубовта која трае повеќе од седумдесет години…
Нема производи |