2. Трилери и мистерии (332)
View Cart “Исчезната без трага” has been added to your cart.
  • img-book

    Постои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види.

    Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови. Немирот овој пат не доаѓа од стравот од опасна турбуленција или паѓање на авионот или терористички напад, туку од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент – негов поранешен пациент. Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно, ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.

    Извонреден психолошки трилер кој си поигрува со основните човечки стравови, како клаустрофобијата и беспомошноста.


  • img-book

    Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат.

    Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне.

    Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години. Затоа, тој не сака Елиса да си замине.

    И не само тоа. Илајџа знае како може да заврши сето ова. На крајот на краиштата, Елиса не е првата девојка што ја има најдено во Шумата на спомените.

    Како што однесувањето на нејзиниот киднапер станува сѐ понепредвидливо, така Елиса сфаќа дека дружбата со чудниот, осамен Илајџа е нејзината единствена надеж за преживување. Нивната игра ќе ги одреди и нивните судбини, и ќе одлучи дали некој од нив некогаш ќе ја напушти Шумата на спомените.

    ,,Но ако ти штотуку пристигна, тогаш зошто би сакала да си заминеш?“


  • img-book

    Том Роб Смит, авторот на Дете 44, ни се враќа со напнат, неизвесен нов трилер: приказна во која гревовите од минатото се закануваат да ја уништат сегашноста, семејства мора да надминат незамисливи пречки за да ги спасат своите сакани, а надежта за подобро утре се бара во најнеобичните околности…

    Советски Сојуз, 1956. Сталин е мртов, а жестокиот режим почнува да попушта, оставајќи зад себе општество во кое полицајците се криминалци, а криминалците се невини луѓе. Таен говор напишан од страна на наследникот на Сталин циркулира низ целата нација. Неговата порака е: Сталин беше тиранин. Неговото ветување: Советскиот Сојуз ќе се смени.

    Лео Демидов, поранешен агент, исто така се труди да се смени. Двете млади девојчиња кои тој и неговата сопруга ги имаат посвоено сѐ уште му немаат простено за неговата улога во смртта на нивните родители. И тие не се единствените. Сега кога вистината е на виделина, Лео и неговото семејство се во страшна опасност од некој кој е опседнат со мрачните нешта од поранешната кариера на Лео. Некој кој е трансформиран до степен на непрепознатливост.


    4.5 out of 5
    Тајниот говор од: Том Роб Смит 490 ден
  • img-book

    Како дете и во тинејџерските години, Леон имал проблеми со несоница. Месечарејќи, знаел дури и да стане насилен за време на ноќните екскурзии и посетувал психијатар за оваа состојба. По некое време, конечно бил убеден дека е излечен… но, еден ден, години подоцна, сопругата на Леон исчезнува од нивниот стан под мистериозни околности. Пред да замине, расплакана, со модро око и откорнат нокт, кажува нешто што ужасно го замислува Леон. Дали е можно неговата болест да е вратена?

    Исплашен и испаничен, Леон решава дека мора некако да открие што прави додека спие, како се однесува во сон, па става држач за камера на челото. Камерата снима и во темница и се активира со сензори на движење. Кога седнува да ја прегледа снимката следното утро, доаѓа до откритие кое е полудо и од најлудата имагинација. Неговата ноќна верзија – месечарот – поминува низ врата која нему му е тотално непозната и се спушта некаде во темнината…


    4.67 out of 5
    Месечарот од: Себастијан Фицек 420 ден
  • img-book

    Познатите убијци имаат клубови на обожаватели.

    Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. Надалеку познат по неговата убавина и сексапил, тој секојдневно добива љубовни писма од безброј обожавателки. Хамиш исто така е осуден убиец, кој отслужува доживотна казна во затвор.

    Кој би се приклучил на таков клуб?

    Меги Роуз е успешна адвокатка и автор на книги базирани на вистински злосторства. Повлечена и мистериозна, таа прифаќа само случаи кои може да ги добие.

    Хамиш е убеден дека Меги може да му помогне и дека таа е способна да му ја промени судбината. Но Меги не сака да се меша. Смета дека е имуна на шармот на еден таков маж. Но можеби овој пат ни таа не би можела да остане рамнодушна…

    Би останале ли вие?


  • img-book

    „Имаш среќа што не го запали светлото…“

    Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

    Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

    Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

    Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.


  • img-book

    Пред единаесет години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг сред ноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот.

    Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа.

    Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка. Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали навистина е променет? Или постои некој друг близок на семејството кој исто така претставува опасност?


    5 out of 5
    Не напуштај ме од: 450 ден
  • img-book

    Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

    За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.

    Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.


  • img-book

    Клер Кук има совршен живот. Но зад затворени врати, ништо не е така како што изгледа. Нејзиниот совршен сопруг е избувлив колку што му е ветувачка политичката кариера и не се срами да ги користи своите вработени да го следат секој потег на Клер. Но она што тој не го знае е дека Клер со месеци кове план да исчезне.

    Една случајна средба во бар на аеродром ја спојува со жена која е во подеднакво лоша ситуација. Па така заедно донесуваат импулсивна одлука да си ги заменат билетите – Клер да отпатува во Оукленд со билетот на Ева, а Ева во Порторико како Клер. Но, кога авионот за Порторико се руши, Клер сфаќа дека добива шанса за потполно нов живот. Целосно отсечена, без никакви опции, додека чека веста за нејзината смрт да експлодира во медиумите, Клер го присвојува идентитетот на Ева, но заедно со него и тајните кои Ева очајно се трудела да ги сочува скриени.


    Последниот лет од: 450 ден
  • img-book

    Одбројувањето е започнато…

    Ел Кастиљо води подкаст кој обработува теми за вистински злосторства и со декади е опседната со Убиецот Одбројувач. Пред дваесет години, тој има киднапирано и убиено три девојчиња во рок од по седум дена, секоја од нив помлада од претходната. Никој не знае зошто тој ја следи оваа грозоморна шема, ниту пак зошто киднапирањата и убиствата нагло престанале по единаесетта жртва. Повеќето сметаат дека тој е мртов. Но Ел знае дека не е така и цврсто е решена да се избори за историска правда.

    Кога киднапирањата одеднаш повторно почнуваат, Ел мора да се соочи со нејзината одговорност: нејзина е заслугата што убиецот практично се враќа од мртвите на нејзина провокација. Таа мора да го прекине смртоносното одбројување пред Убиецот Одбројувач да ја однесе следната жртва.


    Девојчето, 11 од: 490 ден
  • img-book

    Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.

    Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.

    Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?

    Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.


    5 out of 5
    Џелатот #2 од: Крис Картер 490 ден
  • img-book

    За еден безмилосен сериски убиец кој никогаш не простува и не заборава, таа е единствената која му побегнала. Сѐ досега…

    ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала шеснаесет години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видео снимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми. Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред единаесет години – кој исто така ја има видено снимката. Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата… но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.

    Благодарение на неговите шифрирани загатки, тој станува супер ѕвезда на социјалните медиуми – енигматичен сајбер дух познат како „Криптологот“ – но за Нина е само чудовиште кое таргетира ранливи жртви. Заедно со својот партнер, легендарниот Вејд, кој и самиот има духови во минатото, Нина го лови предаторот низ целата земја. Трага по трага, жртва по жртва, Нина ита да го запре смртоносниот убиец додека целиот свет гледа.


    5 out of 5
    Криптолог од: 450 ден
  • img-book

    Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат.

    Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството. А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечено и некомуникативно…

    Детективот Адам Фоли дава сѐ од себе за да пронајде некоја трага од малото девојче, знаејќи дека секоја секунда е важна, но се чувствува како детето да пропаднало во земја – никој не видел ништо; никој не знае апсолутно ништо. Од друга страна, секој има свое мислење и се чини дека сите имаат по некоја тајна што ја кријат… oсобено членовите на семејството.


    5 out of 5
    Некој близок од: 420 ден
  • img-book

    Оној кој го знае часот на својата смрт веќе почнал да умира малку по малку…

    Сабота е, нешто малку по 22:00 часот. Јулс Танберг е на смена како волонтер во телефонската служба за жени кои бараат смирувачки глас на другиот крај на линијата за да ги придружува додека се враќаат накај дома доцна навечер или каде што се јавуваат во итни случаи. Но досега, ниеден од тие случаи не бил ништо којзнае колку сериозно. Дефинитивно ништо опасно по живот. Сѐ до денес. Сѐ до разговорот на Јулс со Клара.

    Младата жена е преплашена. Таа е убедена дека ја следи маж кој веќе ја има нападнато еднаш претходно. Маж кој напишал еден датум на ѕидот во нејзината спална соба, и тоа го напишал со крв. Датумот кога Клара ќе умре. А тој ден доаѓа за помалку од два часа…

    Мистериозен, опсесивен, вознемирувачки… ова дефинитивно е најстрашниот психолошки трилер на Фицек досега!


  • img-book

    „Телата ги пронајдоа во вторник“ – Така започнува еден од најинтригантните и најветувачките трилери за 2021 година; комплексна и заплеткана приказна за мрачната судбина на семејството Пајн.

    По ноќ помината на забава, студентот Мет Пајн се враќа во својата соба во студентскиот дом, а таму го чекаат трогателни вести: речиси целото негово семејство – мајка му, татко му и помалите брат и сестра – ги пронашле мртви од труење од гас за време на нивниот одмор во Мексико. Локалната полиција тврди дека се работи за несреќен случај, но ФБИ имаат други сомнежи, само не сакаат да му кажат на Мет зошто.

    Трагедијата завршува на сите наслови страници затоа што на семејството Пајн не му е првпат да го привлече вниманието на новинарите. Постариот брат на Мет, Дени, отслужува доживотна казна за убиството на неговата девојка од тинејџерските денови, па благодарение на тоа, целото семејство е прочуено. Иако илјадници се убедени дека Дени е неправедно осуден, Мет чува тајна за брата си, која никогаш ја нема споделено со никого: ноќта кога се случило убиството на девојката, Мет видел нешто што го тера да верува дека брат му навистина е виновен за злосторството. И сега кога смртните случаи во Мексико почнуваат да стануваат сѐ посомнителни, како да се поврзани со случајот на Дени, Мет мора да ја открие вистината за убиството поради кое брат му завршил во затвор – и притоа да се соочи со сите свои најголеми стравови на светот.


  • img-book

    Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…

    Данте Торе поминал единаесет години во заробеништво – затворен во бетонските ѕидови на силос од страна на човек познат само како Таткото. Но успеал да го надмудри киднаперот. Сега работи за полицијата во Рим и неговите методи се малку невообичаени, но неговата генијалност е очигледна.

    Кога една жена е обезглавена во парк во околината на Рим, а нејзиниот шестгодишен син исчезнува, полицијата наоѓа лесно решение: го апсат сопругот на жената и чекаат негово признание. Но началникот на полицијата се сомнева дека работата е толку едноставна. Па намамува двајца врвни аналитичари, кои важат за едни од најспособните детективи во Италија, да помогнат во решавање на сложениот случај: бестрашната детективка Коломба Касели и Данте Торе. Торе мора да се соочи со демоните од минатото за да се обиде да го реши овој случај. Сите докази упатуваат на тоа дека Таткото повторно е активен по декади криење… и дека сака повторна средба со Данте.


    4.75 out of 5
    Убиј го таткото од: 520 ден