Најчитани трилери (3)

Showing all 3 results

Подреди:
  • img-book

    Подготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.

    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен. Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете. И одбројувањето е започнато…

    5 out of 5
    Колекционер на очи од: Себастијан Фицек 420 ден

    Подготвени или не, тој доаѓа…

    Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.

    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод.

    Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен.

    Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете.

    И одбројувањето е започнато…

    „Ремек-дело! Фицек е врвен мајстор за трилери…“

  • img-book

    КОГО САКАШ?

    Едно прашање, минијатурно делче од секундата и Брајан Дарби паѓа мртов на кујнскиот под во својата куќа. Неговата сопруга, државната полицајка Теса Леони, тврди дека го застрелала во самоодбрана, а нејзиното модро лице и скршени коски ја поддржуваат таа приказна. За искусната детективка Ди Ди Ворен, случајот е прилично јасен. Само што… каде е нивната шестгодишна ќеркичка?

    И КОЛКУ ДАЛЕКУ БИ ОДЕЛЕ ВИЕ…

    Детективите ја започнуваат потрагата по девојчето додека истовремено се трудат да ги откријат сите семејни тајни. Дали една тренирана полицајка навистина би си го застрелала сопругот? Зошто? И дали една мајка е способна да го повреди сопственото дете?

    button-new

    5 out of 5
    Јас те сакам повеќе од: Лиса Гарднер 400 ден

    … ЗА ДА ЈА СПАСИТЕ?

    За Теса Леони, најлошото следува дури сега. Таа чекори по тенко јаже, не може да побара помош од никој, не смее никому да верува. Таа има само една цел и планира да ја искористи секоја секунда тренинг за да дојде до неа. Ниедна жртва не е преголема, ниедно дело не е незамисливо. Мајката знае кого сака…

  • img-book

    Бракот може да биде вистински убиец… 

    Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…
    Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?

    Ејми ја нема е еден од најдобрите – и најзастрашувачките – портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе…

    Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.

    button-new

    5 out of 5
    Ејми ја нема од: Џилијан Флин 440 ден

    Бракот може да биде вистински убиец…

    Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…

    Ник, сопруг на годината, не изгледа воопшто загрижено и исплашено за исчезнувањето на неговата сакана жена, но добро, секој што ќе го прочита нејзиниот дневник ќе открие дека алфа девојката перфекциониста би можела да извади од кожа секого. Додека целиот град ја жали и оплакува прекрасната исчезната девојка, нејзиниот сопруг презентира несоодветно однесување и бескрајна низа лаги и измами. Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?