4. Драми (35)

Showing 1–16 of 35 results

Подреди:
  • img-book

    Нема да ви опишам како изгледам. Како и да ме замислувате, најверојатно е полошо од тоа.

    Август Пулман е сосема нормално десетгодишно дете, како и сите други. Барем тоа е одговорот кој ќе го добиете ако го прашате како се чувствува во себе. Но, за сите други, тој е детето чудо кое требало да умре уште вечерта кога се родил, медицинското чудо кое преживеало и покрај сите прогнози за неуспех. Август има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Дури и после 27 операции, неговото лице останува причина за луѓето да се ѕверат во него кога се разминуваат со него на улиците, да се оддалечуваат од него за случајно да не го допрат како да има некоја заразна болест – неговото лице е причината поради која тој ги минува првите десет години од животот со домашно школување и не оди во нормално училиште, иако е попаметен од многу деца на негова возраст. Сега, во петто одделение, Август мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот кој го чека. Да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото страшно лице. Но како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?

    Чудо од: Р.Џ Паласио 390 ден

    Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.

    Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.

    Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

    5 out of 5
    Кога сакаш некого од: Кристин Хана 420 ден

    Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа.

    Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.

    Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.

    Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

    Оваа книга е полна со прекрасни ликови, полна со емоции, полна со поуки…

  • img-book

    Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цело седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.

    Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.

    Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.

    button-new

    Сè, баш сè од: Никола Јун 380 ден

    Мојата болест е ретка колку што е позната. Во основа, јас сум алергична на светот. Не излегувам од дома, немам излезено од дома цели седумнаесет години. Единствените луѓе што ги гледам се мајка ми и мојата болничарка, Карла.

    Но тогаш, еден ден, пред соседната куќа доаѓа камион за селење. Погледнувам низ прозорецот и го гледам него. Тој е висок, убаво мускулест и целиот облечен во црно – црна маица, црни фармерки, црни патики и црно плетено капче што целосно му ја покрива косата. Ме забележува дека го гледам и зјапа во мене. И јас зјапам во него. Се вика Оли.

    Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Пример, јас сум сигурна дека ќе се заљубам во Оли. И прилично сум сигурна дека ќе биде катастрофа.

  • img-book

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    button-new

    5 out of 5
    Ова завршува со нас од: Колин Хувер 400 ден

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.

    Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.

  • img-book

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.

    button-new

    5 out of 5
    А што по бакнежот? од: Лорен Лејн 390 ден

    Една популарна колумнистка би направила сè за приказна. Сè… освен да се вљуби.

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба. Со други зборови, Мичел е тотална спротивност на она што ѝ треба на Џули сега. А во исто време, тој е токму тоа што таа го сака.

    Идеален избор за сите љубители на Џули Џејмс! Почеток на нов секси серијал, Стилето.

  • img-book

    Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.

    Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?

    Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.

    button-new

    5 out of 5
    Зад затворени врати од: Б.А. Парис 390 ден

    Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс.

    Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.

    Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?

    Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.
    Ова е книгата што предизвика бура од коментари на интернет во 2016 година… Трилер, мистерија, драма – совршена комбинација со совршен завршеток!

  • img-book

    Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.

    button-new

    5 out of 5
    Збогум Најмила од: Кристин Хана 420 ден

    Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи. Дур да трепнеш со око, семејството Фарадеј се распарчува, а Лекси губи сe. Во годините што следуваат, секој од нив мора да се соочи со последиците од таа една ноќ и да најде начин да заборави… или барем храброст да прости.

    Хана напишала страшно емотивна книга што ги освои срцата на милиони читатели низ светот. Ова не смее да се пропушти!

  • img-book

    Ова е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна…

    Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега. По две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи. И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс. Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.

    Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…

    button-new

    5 out of 5
    Светот не е фабрика за исполнување желби од: Џон Грин 350 ден

    Ве предупредуваме дека ова не е типична љубовна приказна. Ова е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна…

    Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува… барем сега засега.

    После две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи. И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Има само едно чудо оставено зад себе и сè уште живее во страв дека чудото сепак не било чудо и дека болеста еден ден ќе се врати да си ја наплати својата цена. Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс. Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и – шокантно за Хејзел – заинтересиран за неа.

    Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели…

  • img-book

    Франција, 1939
    Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

    Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

    Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.
    Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

    button-new

    Славејот од: Кристин Хана 420 ден

    Франција, 1939

    Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Привлечниот Германец делува љубезно и човечно, но сепак е непријател кој го набљудува секој нејзин потег. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

    Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек… лудо и комплетно. Не можејќи да седи со скрстени раце и да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

    Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас. Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

    Моќно и незаборавно! Повеќе од десет ѕвезди!

  • img-book

    Верувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја?

    Роза за балерината е книга која ќе ве внесе во неколку туѓи, тажни и поврзани животи.

    Стилот на пишување во кој е избегнато стандардното раскажување и дејствијата се расплетуваат во форма на писма, мејлови, четувања преку интернет итн., ве тера да се почувствувате како навистина да читате нечии писма, како да чепкате во туѓо сандаче со мејлови и како вистински да сте инволвирани во сите настани.

    Приказната започнува со првиот училишен ден на Џес и Мелинда, а од тој ден започнува и нивното неверојатно пријателство, поврзаност и љубов.

    Две мали деца со големи срца и амбиции…

    button-new

    Роза за балерината од: Лурлин МекДениел 250 ден

    Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

    „Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

    button-new

    Момчето во пижами на риги од: Џон Бојн 320 ден

    Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со деветгодишното момче по име Бруно. (Иако ова не е книга за деца.)

    Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство.

    Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача.

    Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма, туку логор и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре, туку…

    Десетици недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, филмуван роман од страна на Мирамакс Филмс, награда за најдобра книга на сите времиња во Ирска, продадени над 5.000.000 примероци низ светот, издадена во 44 земји, Македонија е 45 земја која ги купува правата за оваа книга…

    „Мало чудо од книга“, оцени Гардиан, бидејќи оваа книга е навистина тоа. Поглед во ужасното минато низ детски очи, невина пријателска детска рака подадена преку оградата која го поделила светот… Книга која ќе ја помните долго откако ќе ја прочитате, како што оцени Irish Times.

  • img-book

    Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар.

    Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана.

    И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…

    Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…

    „Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“

    button-new

    4.5 out of 5
    Исчезната без трага од: Шеви Стивенс 420 ден

    Едно топло летно утро, кога Ени – триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини – го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.

    Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…

    Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние – заедно со неа – почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.

    Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…

    „Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“

  • img-book

    Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?

    Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци. Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. И како тоа да не е доволно, поради доцнење од само четири минути, Хедли го испушта својот лет.

    Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ. Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.

    button-new

    5 out of 5
    Статистичка веројатност за љубов на прв поглед од: Џенифер И. Смит 360 ден

    Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?

    Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.

    Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.

    Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.

    Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?

    Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.

    Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.

    Оваа книга, освен што нѝ покажува како младите се носат со тешки емоции како овие, како реагираат во одредени случаи – таа исто така зборува за љубовта на прв поглед и за тоа дека може да нѝ се случи кога најмалку ја очекуваме. Со вметнување на љубовна приказна во рамки на главната приказна, авторот успева да стави парче сјај на тажната приказна и да покаже дека и покрај лошите работи, во животот се случуваат и добри работи. Дејството се случува во рок од 24 часа, но приказната е богата и прекрасно раскажана.

    Најинтересниот податок во врска со оваа книга е тоа дека книгата е оригинално издадена неодамна, кон крајот на март 2012, а авторските права за неа беа продадени во 30 земји уште пред книгата да биде издадена.

  • img-book

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?
    Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…

    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште.
    Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…

    button-new

    5 out of 5
    Првиот последен бакнеж од: Али Харис 390 ден

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди…

    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж…

    Сакам книги ви ја препорачува со чиста совест и цело срце – ова е книгата која не смеете да ја пропуштите во 2013 година!

  • img-book

    Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба. 

    Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот.

    Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете.

    Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

    button-new

    Живот за живот од: Сара Зар 360 ден

    Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба.

    Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот.

    Гневна на животот, намуртена, заворена и цинична, иако сите овие звучат како негативни карактеристики, Џил е лик кој ќе ви прирасне за срце и чија болка ќе ја разберете и почувствувате.

    Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете. Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете?

    Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

  • img-book

    Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…

    Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.

    Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…

    button-new

    5 out of 5
    Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна) од: 320 ден

    Секој живот е приказна која вреди да се раскаже.

    Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна.

    Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот. Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.