3. Чик Лит (44)
  • img-book

    Лидија и Фреди. Фреди и Лидија. Беа заедно повеќе од десет години и мислеа дека нивната љубов е вечна. Ама погрешија. Повеќето животни пресврти се случуваат неочекувано, понекогаш незабележано се лизнуваат покрај нас, па ги забележуваме дури подоцна, ако воопшто ги забележиме.

    Во болната игра на судбината, Лидија останува сама. Сака само да се заклучи во своите четири ѕида и плаче додека не остане без солзи. Единствено олеснување ѝ носат соништата: додека спие, како да влегува во некое паралелно сценарио во кое ништо не се сменило. И така, токму кога ќе почне повторно да ги прави првите, срамежливи чекори во реалниот свет, Лидија чувствува дека повикот на минатото ја влече наназад, таму каде што и натаму е можен нејзиниот стар живот со Фреди.

    Ама невозможно е истовремено да се живеат два животи. Ако сака да се врати во светот во кој Фреди и натаму е жив и е господар на нејзиното срце, мора да направи избор. Затоа што некој во нејзиниот нов живот – нејзиниот вистински живот – сака таа да остане…


  • img-book

    За Божиќ се случуваат чуда, ама не и за Ник. Тој ја изгуби работата како добро платен лондонски корпоративен адвокат, картичката му е речиси испразнета, а неговата девојка веднаш го напушти. Му останува само да се самосожалува во апартманот што го дели со својот најдобар пријател и колега кој подобро се снаоѓа во животот.

    Ник бара работа – каква и да е! Без волја прифаќа привремено да работи како Дедо Мраз во локалниот трговски центар. И така ќе го сретне четиригодишниот Алфи. Се што Алфи сака за Божиќ е Сара, неговата мајка, да биде повторно среќна. Трогнат од несебичната желба на детето, Ник ќе се сети на една многу добра идеја. Тој ќе ѝ организира состанок на Сара, што можеби ќе донесе голем пресврт во неговиот живот…


  • img-book

    Офелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Таа и младиот Кајл Кимптон заминуваат во Холивуд, заедно да ги остварат нивните соништа. Кога ќе сфати дека на Кајл кариерата му е поважна од нивната врска, Офелија се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води фамилијарниот пансион.

    Кајл се враќа во родниот град со цел на мир, надвор од напнатиот живот во Холивуд, да го напише неговото најдобро филмско сценарио, таму каде што ја сретна неговата најголема инспирација – својата прва љубов. Меѓутоа, срцето на Офелија е еднаш веќе скршено и таа е свесна дека тој секој миг може да се врати во Холивуд. Дали Кајл ќе се осмели да ја смени својата љубовна приказна и да направи крај за паметење?

    “Ако сакате секси книга, исполнета со забава, што ќе ви го стопли срцето, нема да згрешите со Џенифер Пробст.” – Џил Шелвис

    “Љубовна приказна што ќе ја засакате. Од срце ја препорачувам.” – Ема Чејс


    Крај за паметење од: 430 ден
  • img-book

    Кога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.

    Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?

    Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.

    Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…


  • img-book

    Поради љубовта што ги воодушеви читателите и ѝ даде можност на книгата ДО СИТЕ МОМЦИ ШТО ГИ САКАВ да стане бестселер на Њујорк тајмс, Лара Џин продолжи и понатаму да пишува писма.

    Лара Џин не очекуваше лудо да се заљуби во Петар. Таа и Петар само се преправаа. Но, наеднаш престанаа. Сега Лара Џин е збунета повеќе од кога било.

    Кога едно друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат. Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш? Љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.


  • img-book

    Дали искреноста е секогаш најдобра опција?
    Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов,страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.
    Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи.
    Рич се среќава со своите стари прија тели од факултет, а таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал.
    Но, таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич…
    Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато?


  • img-book

    Интригантен роман за гламурот, сексот и авантурите на една млада девојка среде театарскиот свет на предвоениот Њујорк во 40-тите години на минатиот век.

    Откако 19-годишната Вивијан Морис е исфрлена од еден угледен колеџ, нејзините богати родители ја испраќаат да живее со својата тетка Пег, сопственичка на екстравагантен театар во срцето на Менхетен. Тука девојката се втурнува во откривање на харизматичните ликови од волшебниот свет на бурлеската. Времето поминато со нив ќе ја охрабри да го живее животот со полни гради.

    Во пенливиот и смел театарски свет на Њујорк во 1940-тите години, Вивијан ќе научи и некои лекции, а горчливо ќе зажали и за направените грешки. За да го живее животот што го сака, таа ќе мора да живее многу животи, непрестајно и генијално приспособувајќи се.

    „Град на девојки“ е лична исповед на Вивијан кога има 82 години. Таа конечно отворено ја раскажува својата приказна, но и онаа на жените околу неа – жени што ги кршат социјалните стереотипи на своето време и го пронаоѓаат својот пат до среќата, во век што никогаш не можел да биде во чекор со нив.


    ГРАД НА ДЕВОЈКИ од: 550 ден
  • img-book

    Дваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…

    Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.

    Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.


  • img-book

    Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?

    Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?

    Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?

    „Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс


  • img-book

    7.15. Урааа! Годините на самотија се веќе зад мене. Цели четири недели и пет дена сум во функционална врска со возрасен маж, со што докажав дека не е вистина дека сум баксуз во љубовта како што се плашев претходно.

    Вака почнува На раб на разумот, урнебесниот излет на Бриџит, во не толку секси реалноста на љубовните врски, во купот будалести теории од книгите за самопомош и во кариерата на телевизија. Онаму каде што завршува Дневникот на Бриџит Џонс, нашата омилена сингл-девојка конечно ја пронаоѓа вечната љубов, Марк. Но, набрзо открива дека нејзиниот човек не е толку идеален како што изгледа. Освен тоа што никогаш

    не сака да оди на пазарење по самопослуги, Марк,
по сè изгледа е заинтересиран и за отровната „медуза“ Ребека, со колкови како на младенче на жирафа и наклоност да ги презема туѓите дечковци.

    „Фантастичниот успех на Бриџит Џонс не е само резултат на брилијантната духовитост на авторката
и нејзината способност да ги прибележи комичните моменти во сите појави во современото општество туку и на тоа што таа успева да покаже што значи да се биде – ах, леле – жена… Филдинг своите опсервации вешто ги зачинува со хумор, ставајќи ги на хартија сите оние мисли што и нам ни паѓаат на памет, но досега не сме изговориле на глас.“
- Сали Емерсон, Дејли мејл


  • img-book

    ШТО ДА ПРАВИШ кога другарка ти организира забава за својот шеесетти роденден на истиот ден кога твојот дечко полни триесет години?

    ДАЛИ Е ПОГРЕШНО да лажеш за годините кога се забавуваш со некого на интернет?

    ДАЛИ Е КОРЕКТНО да одиш на фенирање кога едно од децата има вошки?

    ДАЛИ ДАЛАЈ ЛАМА твитува сам или неговите помошници го прават тоа во негово име?

    ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА е петтиот елемент денес? Или дрвото?

    ДАЛИ ДА ЛЕГНЕШ СО НЕКОГО по два состанока и шест недели разменување СМС-пораки е исто како да стапиш во брак по два состанока и шест месеци пишување писма во времето на Џејн Остин?

    Размислувајќи за овие и за други современи дилеми, Бриџит Џонс се соочува со предизвиците на самохрана мајка, твитување, СМС-пораки и повторно откривање на својата сексуалност во она што НЕКОИ луѓе грубо и старомодно го нарекуваат „средна доба“.

    Долгоочекуваното враќање на обожаваниот лик, Бриџит Џонс: Луда по него е актуелен, нежен, трогателен, смешен, мудар и бескрајно духовит роман.


  • img-book

    Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“

    Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете.

    По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото?

    Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до
солзи со сето она што и се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.