• img-book

    Сара Џио

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-88-3

Зима со мирис на капини

од: Сара Џио
5 од 5 од 11 оцени на читатели
11 оцени од читатели

Сиетл, 1933

Самохраната мајка Вера Реј го бакнува своето тригодишно синче, Даниел, и оставајќи го дома сам затоа што нема никаков друг избор, со тешко срце заминува на работа во локален хотел каде што работи како собарка. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела.

Сиетл, 2010

Новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

Авторката ја посветува книгата на секоја мајка што има изгубено дете, па самото тоа зборува за емоциите кои се вткаени во приказната.

button-new

400 ден200 ден

Количина:
Клучен збор:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1978
Сара Џио е автор на 8 бестселери според Њујорк Тајмс и USA Today. Таа воедно е новинарка која има пишувано за Glamour, The New York Times, Redbook, O: The Oprah Magazine. Живее во Сиетл со трите мали синчиња.
Книги од Сара Џио
Рецензија на уредник

Сара Џио како автор за првпат се појави во 2011 година со книгата The Violets of March и уште со таа книга, почна еден интересен феномен, односно читателите почнаа да ја нарекуваат „feel-good author“, а нејзините книги „feel-good“ книги. Морав да се изразам вака, бидејќи буквален превод немам, но се мисли на тоа дека огромен дел од читателите велат дека едноставно се чувствуваат некако убаво додека ги читаат нејзините приказни. Ова веројатно произлегува од тоа што нејзините книги се некако топли, ликовите мили и убаво опишани дури и кога на моменти се малку наивни или недопадливи, приказните речиси секогаш со двојна нарација за забранета љубов или љубов во време на војна или љубовници од различни класи и така натаму. Некои читатели ги споредуваат нејзините книги со книгите на Лусинда Рајли и Кристин Хана, а други пак велат, „Џио ми е мала, безобразна тајна. Нејзините книги понекогаш мe потсетуваат на сапуници, во позитивна смисла, и не можам да престанам да ги читам“.

Во изминативе 6 години, нејзините книги се преведени во 30 земји и таа веќе има милиони обожаватели. Со оглед на тоа дека Зима со мирис на капини ѝ е една од најпопуларните и најубавите книги, ние решивме да почнеме од неа па да продолжиме понатаму со другите.

И во оваа книга имаме двојна нарација, паралелно ни раскажуваат две жени; двете од Сиетл, само едната живее во 1933, а другата во 2010 година. Самохраната мајка Вера Реј има тригодишно синче, кое навечер со тешко срце го заклучува само дома, бидејќи нема кој да ѝ го чува кога е трета смена во хотелот каде што работи како собарка. Еднаш дури и го има однесено на работа со себе, но не смее веќе да ризикува затоа што и без тоа не им стигаат средства за трошоци и кирија, па не може да си дозволи да ја изгуби работата. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела. Вера е избезумена, не знае каде да се обрати и што да направи за да си го најде детето. Додека трага по него, паралелно ни ја раскажува приказната за љубовта со таткото на Даниел, богатиот Чарлс.

Осумдесет години подоцна, новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и во 1933 и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во меѓувреме се труди да се опорави од лична трагедија и да си го спаси бракот кој стои на стаклени нозе. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

Да не откривам повеќе, останува на вас да дознаете што се случило со Даниел, со Вера и Чарлс, со Клер и нејзиниот сопруг, како и другите ликови што имаат своја улога. За крај можам само да им ја препорачам книгата на сите оние кои сакаат убава драма, особено во зимските денови.

Детали

ISBN: 978-608-4672-88-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 310

  1. :

    5 out of 5

    “Зима со мирис на капини”- Сара Џио

    Сиетл, 1 мај, 1933 година

    Вера Реј е самохрана мајка која е принудена деноноќно да работи за да го нахрани својот син. Една доцна вечер, таа го бакнува своето синче, оставајќи го сам дома, каде со тешко срце заминува на работа. По напорната смена на работа во локалниот хотел,во раните утрински часови се упатува кон својот дом. Утринската глетка ја остава без зборови, каде гледа дека градот е покриен со снег. Упатувајќи се кон својот дом, таа набргу дознава дека нејзиниот син е исчезнат. Следејќи ги стапките, успева да му го најде мечето фрлено во снегот, каде потоа му се губи секаков траг. Покрај се, таа длабоко во себе верува дека еден ден ќе успее да го најде нејзиниот исчезнат син.

    “…дефиницијата за вистински пријател не е некој кој доаѓа кога поминуваш низ тежок период. Вистинското пријателство, вели таа, е кога некоја ја цени твојата среќа- дури и ја прославува твојата среќа- кога тој не е среќен.”

    Сиетл, 2010 година

    Клер Олдриџ е новинарка која добива една необична задача, да пишува за  снежната бура која го зафаќа градот. Истиот феномен кој се случил пред осумдесет години, се случува и денес. Водејќи ја истрагата дознава многу интересни информации, тајни закопани длабоко во минатото и испреплетени информации. Во текот на целото истражување дознава дека таа и Вера може да се поврзани на некаков начин.

    “Се што сакаш може да ти биде одземено дур да трепнеш!”

    Емотивна и потресна приказна која е посветена на сите мајки кои го имаат загубено своето дете. Трагична судбина, болно минато и драматичен крај. Многу ми се допадна ликот на Клер, која не се откажа од својата цел и покрај многуте препреки кои и се појавија на патот. Одредени постапки не успеав да ги разберам кај ликот на Вера, но сепак за мене до самиот крај остана многу храбра личност. Ова е приказна која нема да ве остави рамнодушни, ќе ве освои уште од самиот почеток и ќе успее да го задржи вашето внимание до самиот крај. 🥰❤

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Не е книга..Книгиште….Врв…Тажна но преубава приказна.Секој што ќе ја прочита нема да се покае

  3. :

    5 out of 5

    Прекрасна и незаборавна приказна. Иако ја прочитав пред неколку месеци, се уште ги споредувам книгите од ист жанр со неа.

  4. :

    5 out of 5

    Прекрасна приказна – микс од ‘Тајната сопруга’ и ‘Девојката што пишуваше на свила’. Брзо читлива и емотивна сага, едноставно едвај чекате да ја разрешите мистеријата и да дојдете до крајот. Ја препорачувам од срце 🙂

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Книгава ме остави speechless значи,преубава е!😍🍀

  6. :

    5 out of 5

    Ова е првата книга што ја прочитав од Сара Џио и мoрам да признаам дека ми се допадна многу! Предобар микс од романса и мистерија. Те тера да листаш и да листаш за да дознаеш што ќе се случи следно и кога ќе видиш, остануваат уште 10 страни до крајот. Со еден збор, одлична!

  7. :

    5 out of 5

    Јас мислам дека книгата е феноменална,една од најдобрите книги на Сара Џио.Значи така навлегов во приказната,такви емоции ми создаде како што ни една книга во животот не ми создала.Корицата топ,читајте ја Сара Џио навистина е супер.Сакам превод на уште книга од неа,Сакам книги 🙂

  8. :

    5 out of 5

    Баш пред некој ден си помислив дека сум ја изгубила брзата рутина на читање се додека не ја прочитав денес оваа книга за 3 часа. Ме убеди дека не е до мене туку книгата што моментално ја читам зависи од мојата брзина… Страниците буквално не ги осетив и секое поглавје беше прекрасно. Препорака до сите, сега ги барам останатите две, оти како што прочитав Емили е темата во Темјанушки во март, а се спомнува како пријателка на Клер овде… ЕДВАЈ ЧЕКАМ.

  9. :

    5 out of 5

    Knigata e preubava, se cita vo eden zdiv. Tolku e vozbudliva sto ne ti dava da ja ostavis. Iskreno ja preporacuvam.

  10. :

    5 out of 5

    Беше љубов на прв поглед уште во самата корица, во самиот наслов и кратката содржина, магнетски привлечена како љубител на зимата. Тоа беше и моето прво запознавање со Сакам книги, со нетрпение чекав да ја донесат во Топер. Кога ја донесоа, бев прескреќна кога псоле одговорот на продавачката дека е продадена толку експресно, а само што ја добиле, се сети дека ја имаат последната во излогот, ми идеше да скокнам од среќа, прескреќна си се почастив за новогодишните празници. Воопшто не ме разочара, со секоја страна мојата љубов се повеќе растеше кон неа. Книга со многу топлина, душа и чувства. Чиста 10 од дизајн на корицата, кратката содржина, стилот на пишување на Сара Џио и самата приказна.

  11. :

    5 out of 5

    Се губам во книгите на Сара Џио; доволно ми беше да прочитам една и да ми стане една од омилените авторки, како Кристин Хана и Лусинда Рајли. Нејзините приказни прават да се чувствувам некако убаво и разнежнето додека ги читам. Ја обожавам!