-
Џон Грин
Желки до бесконечност
од: Џон ГринШеснаесетгодишната Аза нема желба и намера да изигрува детектив и да разоткрива мистерија за милијардер во бегство, но сепак има награда од сто илјади долари во игра и нејзината најдобра и најбестрашна пријателка, Дејзи, е желна за истражување. Па така заедно решаваат да пробаат да му се доближат на синот на исчезнатиот милијардер Расел Пикет, Дејвид, кого Аза го знае од мала бидејќи заедно посетувале летен камп. И во кого патем била малку зацапана на времето… а можеби и уште е.
Аза се труди. Таа се труди да биде добра ќерка, добра пријателка, добра ученичка, а можеби и добра детективка, но сето тоа ѝ го отежнува спиралата на нејзините хипохондрични мисли која сè повеќе се затега околу неа. Сака да може да мисли на љубов и забава како и секоја друга нормална тинејџерка, но таа знае дека не е сосема нормална.
Ова е приказна за пријателството, семејството, љубовта и тежината на нашите сопствени мисли – и ова дефинитивно е најдлабоката книга на Грин досега.
„Скршено му е срцето“, реков.
„Да, па, зарем не ни е на сите?“
390 ден
Проверете подоцна.
ISBN: 978-608-260-003-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 260
Изабела Велковска – :
Една несекојдневна емотивна приказна, бидејќи и самиот писател се соочувал со проблеми во младоста.
Исчезнувањето на милијардерот Расел Пикет, ги поттикнува Аза и Дејзи да ја откријат мистеријата за неговото бегство.
Милијардерот исчезнува, ноќта пред да биде уапсен. Следува награда од 100.000 долари за било каква информација која ќе ги доведе до него.
Аза уште од најрана возраст се бори со својата анкциозност, вртлог или спирала на нејзините мисли која се повеќе се стеснува. Со секојдневното притискање на ноктот од палецот таа проверува дали е вистинска. Настаната рана секојдневно ја прикрива со фластер и никогаш не и дозволува да заздрави. Покрај се, таа се труди да биде примерна ученичка, одлична пријателка, добра и послушна ќерка.
Дејзи е најдобрата другарка на Аза, а воедно и опседната со Star Wars. Таа е желна да го пронајде милијардерот но, и да ја освои паричната награда. Смета дека не е толку лоша идеја Аза да го обнови своето пријателство во Дејвис- син на исчезнатиот милијардер.
Аза и Дејвис поминале заедно две лета во камп, кој го посетуваат деца на починати родители. Пред неколку години може да се каже и дека и се допаѓал Дејвис, но можеби и сеуште и се допаѓа…
Ова е приказна за тинејџерството, првата љубов и вистинското пријателство, а воедно и да сфатиме дека сите ние некогаш се бориме со сопствените мисли..
На почетокот можеби делува на исцрпувачка книга, но потоа ќе се соживеете со нивните животи, со животот и мислите на Аза. На крајот, сфатив дека не е лесно да си тинејџер, бидејќи многу ретко има некој што ќе те разбере и утеши…
“Кога набљудувањето не успева да се усогласи со вистината на што треба да се верува на сетилата или на вистината?”
“Јасно ми е дека ништо не трае. Ама зошто мора да ми недостигаат сите толку многу?”
“Љубовта не е трагедија или неуспех туку подарок.”
“…Со помош на љубовта стануваш личност, но воедно и заради неа…”
“Јас, лична заменка прво лице еднина, ќе продолжам понатаму…”
Изабела Велковска – :
Ова е приказна за тинејџерството, првата љубов и вистинското пријателство, а воедно и да сфатиме дека сите ние некогаш се бориме со сопствените мисли..
На почетокот можеби делува на исцрпувачка книга, но потоа ќе се соживеете со нивните животи, со животот и мислите на Аза. На крајот, сфатив дека не е лесно да си тинејџер, бидејќи многу ретко има некој што ќе те разбере и утеши…
Наташа – :
Една од омилените книги, кој не ја прочитал да ја прочита веднаш.
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Не знам зошто повеќето читатели ја критикуваа книгава дека е досадна и некои дури не сте ја дочитале..🤔 Јас за нецели 3 часа ја прочитав. Не е лесна тематиката,исто како Еленор Олифант,не е секојдневна приказна,па можеби затоа повеќето од вас не сте ја дочитале.
Мене баш ми се допадна,необична приказна и навлегува во самата психа на Аза.🤗
Прв пат читам книга од Џон Грин и дефинитивно ќе си купам уште некоја од него во иднина❣
Денис – :
Според мене и една ѕвездичка е премногу за оваа книга😩
Наталија – :
Преубава, длабока и емотивна книга – моја омилена од Грин до сега
Синоличка (го има купено овој производ од сајтот) – :
Предосадна книга, уште по насловот се познава
Слаѓан – :
Со длабоките понирања во човечката психа, Грин ме воодушеви. Ја препорачувам книгава, ептен е добра, со јаки мисли и длабоки пораки – дури и за нијанса подобра од The fault in our stars 🙂