- You cannot add "Подарок за роденден" to the cart because the product is out of stock.
-
Кристин Хана
Збогум најмила
од: Кристин ХанаШто е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?
Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.
Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.
420 ден210 ден
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-59-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 410
Изабела Велковска – :
“Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?”
Лекси е сираче, кое е шетано од дом во дом меѓу непознати луѓе. Еден ден добива добри вести од госпоѓицата Вотерс. Таа дознава дека Лекси имала баба, која живее во Порт Џорџ, Вашингтон. Конечно и таа ќе има нешто што наликува на дом , љубов и семејство. На првиот училишен ден, таа има неколку авантури, меѓу кои и едно ново и искрено пријателство. Лекси и Миа од тој ден стануваат неразделни пријателки.
Миа и Зак се близнаци, со сосем спротивни карактери. Зак е популарен во училиштето, кој добива што и да посака. Миа е срамежлива личност која своите училишни денови ги минува подалеку од останатите, читајќи книга.
“Таа едноставно ми пријде, мадре. И јас и реков дека е социјално самоубиство да седи со мене, но нејзе не и сметаше. Нели е тоа кул?”
Џуд е мајка која својот живот го посветува на своите деца, својот сопруг Мајлс и нејзината градина. Посочувајќи им ги направените грешки на своите деца, таа
се обидува да ги изведе на правилен пат.
Една вечер, неколку дена пред нивната матурска забава Миа, Зак и Лекси одлучуваат да одат на забава. Зак е назначен за главен возач. По неколку часа тие треба да донесат одлука за нивното враќање дома. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи. Семејството Фарадеј ќе се промени, распарчи но, и секој ќе се оддалечи од нив. Лекси ќе треба да донесе голема и тешка одлука, која ќе ја натера да жртвува многу работи и да изгуби се.
“Ние никогаш нема навистина да се збогуваме.”
Емотивна книга за пријателството, посветеноста, осаменоста, надежта, мајчинството и љубовта. На моменти ќе ве нервира ликот на Џуд, нејзината посветеност кон децата, нејзиното однесување, но и нејзините одлуки во одредени ситуации. Ова е книга која не смеете да ја пропуштите. Книга која ќе остави белег во вас.
“Ние едноставно простуваме.”
Изабела – :
Емотивна книга за пријателството, посветеноста, осаменоста, надежта, мајчинството и љубовта. На моменти ќе ве нервира ликот на Џуд, нејзината посветеност кон децата, нејзиното однесување, но и нејзините одлуки во одредени ситуации. Ова е книга која не смеете да ја пропуштите. Книга која ќе остави белег во вас.
“Ние едноставно простуваме.” ❤
Марија – :
Една од најубавите книги што некогаш ги имам прочитано.Топла,емотивна и прекрасна за долгите зимски денови.
Slobodanka – :
Ubava, emotivna drama koja ke ve raznezni
Наталија – :
Совршенство од книга.
Александар Николовски (го има купено овој производ од сајтот) – :
4.5/5 Феноменална книга!
petrankamihailovska – :
Кога немаш време, а сакаш да читаш. Одлична книга!
Слаѓан Бишковски – :
Одлична е книгата, емотивна и брзо читлива со неочекувани пресврти и случки.
Фантастична 🙂
Деспина – :
Прекрасна, емотивна и топла книга . Одлична
bube_987 – :
Една од најубавите,најемотивни книги што ги имам прочитано!
Чиста десетка! 🙂