• img-book
    98

    Вилијам Лендеј


ISBN: 978-608-4741-02-2

Во одбрана на Џејкоб

од: Вилијам Лендеј

Енди Барбер е страшно почитуван јавен обвинител во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.

Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.

Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите… Господине Гришам, повлечете се.

button-new

420 ден

Количина:
Клучни зборови: ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- William Landay - 1963
Вилијам Лендеј e американски автор на крими драми. Неговата трета книга „Во одбрана на Џејкоб“ излезена од печат во 2012 година, имаше одлични критики и веднаш стана Њујорк Тајмс бестселер. Лендеј има освоено бројни награди меѓу кои и најдобар автор на трилери и мистерии.
Книги од Вилијам Лендеј
97
Купи
Кратка содржина

Енди Барбер работи како јавен обвинител подолго од дваесет години. Тој е страшно почитуван во нивниот мал град, непобедлив во судницата и среќен во својот дом со својата сакана сопруга и нивниот син, Џејкоб. Но кога грозоморно злосторство го потресува нивниот град, Енди е затечен неподготвен од она што се случува следно: неговиот четиринаесетгодишен син е обвинет за убиство на друго дете, соученик од неговото училиште.

Секој родителски инстинкт кој Енди го има му вели да си го заштити детето. Џејкоб ги уверува своите родители дека е невин и Енди му верува. Енди мора да му верува. Тој му е татко. Но како што на површина почнуваат да излегуваат осудувачки факти и шокантни откритија, така бракот на Енди почнува да се распаѓа, а судењето да станува сè пожестоко и Енди сфаќа колку малку знае еден татко за својот син. Наспроти онаа во судот, во Енди се води уште една битка: помеѓу лојалноста и правдата, помеѓу минатото кое се обидува да го скрие и иднината која не може да му ја обезбеди на својот син единец.

Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите… Господине Гришам, повлечете се.

Детали

ISBN: 978-608-4741-02-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 552

“Во одбрана на Џејкоб”

Уште нема коментари за овој производ.