Веќе се докажа дека сите си ги сакаме овие книги во стилот на „Очајни домаќинки“… Стилот на Ејми Молој во книгава ме потсетуваше на Мориарти, а самото тоа што се работи за 4-5 жени уште повеќе го засили впечатокот. Ја читав книгава уште кога не беше официјално излезена и мило ми е поради тоа, бидејќи немаше простор туѓи мислења и оцени да влијаат на оформување на мојата. Сега гледам дека веќе има оцени од скоро 30.000 читатели на GR, но мојата оцена дефинитивно е повисока од групната.
Книгава годинава беше нарекувана „најисчекувана книга на летото“, а наскоро ќе биде и филм со Кери Вашингтон во главната улога. Станува збор за доста заразен психолошки трилер за група жени кои се зближуваат кога исчезнува новороденчето на едната од нив, бидејќи се членови на истата група на мајки кои се сретнуваат во градскиот парк секоја недела. Бидејќи целите животи сега им се вртат само околу бебињата, се договараат една вечер да излезат сами и да се олабават малку. Едната од нив, самохраната мајка Вини, не е расположена да го остави бебето со дадилка, но сите останати ја убедуваат дека сè ќе биде океј, па таа најпосле попушта. И вечерта додека тие се излезени, нејзиното бебе го снемува од дома. И сега знаете, следи паника и вперување прст – сите бараат виновник за едно или за друго, некој мора да ја понесе вината. Новинарите ѝ се сипуваат најпрво на мајката; како можела да го остави новороденчето со непозната, каде била таа вечерта, кој е татко на бебето и така натаму.
Ова не е една од оние книги со нови пресврти во секоја глава, па можеби затоа некои очекувале повеќе од неа – не, овде дејствието е повеќе водено од ликовите и ако се поврзеш со нив како што треба, тогаш приказната се чита за една вечер, просто не ти се остава. Ја имаме најпрво Нел, која цела книга ме засмеваше со саркастичната смисла за хумор, но која очигледно крие некоја голема тајна од сите. Потоа Колет, која очигледно има прекрасен маж и доста пари, но и храброст што може да ѝ донесе големи проблеми. И на крај, симпатичната Френси, паничарката која најмногу се вознемирува од киднапирањето, до степен што почнува да станува дури и сомнителна. Дали е Френси толку невина колку што се прави или…?
Оваа книга многу добро овозможува да се ѕирне како е во животот на секоја тазе мајка и одлично покажува дека не постои такво нешто како „совршена мајка“. Најмногу ќеф ми направи крајот – да бидам искрена, не го очекував; очекував нешто тотално друго, а тоа дефинитивно е достигнување, нешто од трилери да ме изненади мене. Плус, пак си заплакав малку за негативецот – тоа е таа тежина кога ќе успее да те погоди приказна. Па, се надевам дека ќе ја прочитате и дека ќе ја доживеете како и јас. Едвај чекам да го гледам филмот!
Изабела Велковска – :
“Колку далеку би отишле да го најдете вистинскиот?”
Еден брз ДНК тест ќе ви помогне да го најдете вашиот совршен партнер, оној “ВИСТИНСКИОТ” за кого сте генетски создадени.
“Ви благодариме што го одбравте Match Your DNA, ЕДИНСТВЕНИОТ научно дизајниран тест кој Ви гарантира дека ќе ве спои со една личност на светот со која загарантирано ќе се вљубите.”
Научниците откриле дека секој во себе носи еден ген, кој е заеднички само со една друга личност на светот, правејќи ги совршен пар.
Милиони луѓе кои се очајни по потрага на совршениот партнер се пријавиле и го направиле овој тест.
Во книгата паралелно се опишани приказните за: Менди, Кристофер, Ник, Ели и Џејд. Пет млади луѓе кои го пронаоѓаат својот “вистински” партнер.
“Што ако дознаете дека Вистинскиот за тебе е всушност сериски убиец? Што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе е веќе женет и има деца?”
Шокантни и смртоносни тајни ќе откриете низ страниците на овие поглавја. Ќе откриете колку далеку се оди за вистинската љубов и колку всушност, може да биде силна таа. Ќе сфатите деќа пронаоѓањето на Вистинскиот има различен ефект врз секој од нив. Многу интриги, незаборавни случки и ликови. Ова е одличен психолошки трилер кој ќе си поигра со вас и вашите чувства. Уникатна книга со неизвесен крај.
“Пронаоѓањето вистинска љубов никогаш не било полесно или поопасно..”
Marijana (го има купено овој производ од сајтот) – :
Ja procitav knigata a, potoa ja izgledav i serijata (1 sezona samo e snimena do sega). Epten, epten mi se dopadna!
Изабела – :
Одлична книга! Се прашував што ли ќе се случи, со секоја наредна прочитана страница.. Поинаква и возбудлива книга која нема да ве остави рамнодушни! 🤗
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одлично смислена приказна со многу пресврти,баш многу убав и поразличен трилер од тие што ги прочитав периодов!💞🔝
magdalena.paneva – :
Многу интересна и мноогу ми се допадна, не можев од раце да ја оставам! Пресвртите на крајот се уникатни, од некои бев прилично изненадена 🙂
Slobodanka – :
Unikatna, porazlicna od se momentalno dostapno i aktuelno na pazarot, voedno interesna i ke vi predizvika izmesani emocii
Александар Николовски (го има купено овој производ од сајтот) – :
Поуникатна приказна не сум прочитал во скоро време, пред се ликот на Ели морам да го пофалам како генијално осмислен, сумарно 4.5/5 и едно големо браво за авторот…
bube_987 – :
Интересна и уникатна приказна, мора да се признае! 🙂
Слаѓан Бишковски – :
Оригинална приказна испреплетена со незаборавни ликови, прекрасни дијалози, интриги, пресврти… и разрешува едно прашање: Што е всушност љубовта и што се би жртвувале за таа љубов да се круниса со пламен.
Благодарам на Сакам Книги што ми ја подарија, навистина ми се допадна! 😀