View Cart “Јас те сакам повеќе” has been added to your cart.
  • img-book

    Карин Слотер


ISBN: 978-608-4672-66-1

Убави девојки

од: Карин Слотер
4.82 од 5 од 11 оцени на читатели
11 оцени од читатели

Сестри. Претворени во странци. Борци.

Пред повеќе од дваесет години, сестрата на Клер и Лидија, тогаш тинејџерка, исчезнува без трага. Двете жени си немаат прозборено оттогаш и сега нивните животи не може да се поразлични. Клер е сакана жена на милионер. Лидија е самохрана мајка која едвај крпи крај со крај. Но ни едната ни другата си немаат дојдено на себе од трагедијата што им ги има уништено животите. И горката рана повторно се отвора кога сопругот на Клер трагично загинува.

Исчезнување на тинејџерка пред дваесет години и убиство на средовечен маж сега по четврт век – што би можело да ги поврзува? Обединувајќи се претпазливо, двете преживеани сестри почнуваат да копаат низ минатото со цел да ја откријат вистината и откопуваат тајни што го имаат уништено нивното семејство, но воедно и неочекувана шанса за ладна одмазда.

button-new

440 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Karin Slaughter - 1971
Карин Слотер е реномиранa американска крими писателка, која уште од првиот роман постигна меѓународен успех. Објавени на над речиси 36 јазици, нејзините книги се продадени во преку 35 милиони примероци низ целиот свет. Таа моментално живее во Атланта.
Книги од Карин Слотер
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-4672-66-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 405

Additional Information

Корица: мека

  1. :

    5 out of 5

    Mornichavo!Mnogu dobro,mnogu jako!

  2. :

    5 out of 5

    Odlicen triler! Go preporacuvam.

  3. :

    5 out of 5

    ВРВ! Предобар трилер.Многу ми се допадна тоа што настаните во книгата се одвиваат прилично брзо и во ниту еден момент не почуствував досада при читањето. Од срце ви ја препорачувам да ја прочитате.

  4. :

    5 out of 5

    Одличен трилер со многу неочекувани моменти и пресврти.

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Неверојатен и одличен трилер!😊
    Напната приказна до самиот крај!
    Сигурно ќе им се допадне и на останатите љубители на овој жанр.🤗

  6. :

    5 out of 5

    Предобра, едвај чекам нов превод од истата авторка

  7. :

    4 out of 5

    Фантазија е книгава… 4.75/5, ќе барате уште на крајот…

  8. :

    5 out of 5

    Неверојатно добра книга!

  9. (го има купено овој производ од сајтот):

    4 out of 5

    Хух, може да се каже уште од како излезе книгава е гледав на сите страни, но решив да е читам тек кога видов дека вие(Сакам Книги) ќе ја издавате,и еве после некое време е прочитав и сега ми е мака што чекав олку долго време за да е прочитам 😀
    Мисла,книгава е лудило од трилер!
    Феноменално!

  10. :

    5 out of 5

    Вистинска ерупција од романса и неизвеснот, мистерија и напнатост кои ве држат на самиот раб!

  11. :

    5 out of 5

    Невидено трилериште, браво за авторкава.