• img-book

    Лиен Мориарти


ISBN: 978-608-4672-27-2

Тајната на сопругот

од: Лиен Мориарти
4.67 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано… 

Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов… 
Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.
Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.
Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.
button-new

390 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Liane Moriarty - 1966
Лиен Мориарти е австралиски автор на шест интернацонални популарни романи и е автор со полно работно време. Таа има продадено над шест милиони копии од нејзините книги во светот и нејзините романи се преведени на триесет и девет јазици. Таа живее во Сиднеј со нејзиниот сопруг, син и ќерка.
Книги од Лиен Мориарти
Рецензија на уредник

Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано…

Драга моја Сесилија, ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов…

Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна – нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу… жив.

Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруг на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом. Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа.

Сите ние имаме тајни, но не како оваа….

Прекрасна драма исполнета со мистерии во која особено ќе уживаат љубителите на хит серијата Очајни домаќинки.

Детали

ISBN: 978-608-4672-27-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2013
Број на страници: 360

  1. :

    4 out of 5

    Убава приказна која вреди да се прочита,и ако не сум многу воодушевена од книгата сепак таа испраќа силна порака.Ми се допадна начинот на кој е напишана и начинот каде преку испреплетени приказни доаѓаме до заклучок.Крајот на книгата ми донесе многу прашања и сфатив дека за грешките што си ги сторил во минатото плаќаш во иднината на полесен или потежок начин(исто како и приказната на Сесилија и Џон Пол),понекогаш можеш да бидеш изневерен дури и од најблиските или од оние што најмалку очекуваш и не секогаш можеме да знаеме што навистина им се случило на луѓето и нашите најблиски…Топло ја препорачувам и верувајте дека во животот не е се така како што изгледа🙂

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Одлична приказна!😊😍 Јас ја открив тајната,а вие?😜

  3. :

    5 out of 5

    Ми се допадна! Ја прочитав во еден здив, од што сакав да дознам што ќе се случи на крајот. Стилот на пишување одличен, мистерија, ама знае и да те насмее. Ми се допаѓаат вакви книги кои содржат многу ликови, чии приказни се испреплетени. Од овој аспект ќе кажам дека приказната за Тес малку ме заморуваше, и не дека она на крајот ги почувствува последиците од тајната на сопругот, како што пишува во содржината на книгата. Мислам знам дека е детаљ ама јас цело време чекав на тоа:) исто и малку крајот ми беше конфузен, ми наметна прашања па почнав да гуглам за да ја увидам локиката на настанот, ама од друга страна покажа дека некогаш во животот не е се како што изгледа и дека понекогаш може многу да грешиш. Топло ја препорачувам.

  4. :

    5 out of 5

    Ubava i pitka, so kraj koj ispolnuva

  5. :

    4 out of 5

    Супер стил на пишување, авторката ме освои уште од првата страница 4.25/5, под итно да си ја прочитате!

  6. :

    5 out of 5

    Преубава драма, полна со мистерија и пресврти 🙂