• img-book

    Џил Сантополо


ISBN: 978-608-4672-93-7

Светлината што ја изгубивме

од: Џил Сантополо
4.89 од 5 од 9 оцени на читатели
9 оцени од читатели

Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната?

Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот почеток.

Луси и Гејб се запознаваат на факултет, на ден што засекогаш им ги менува животите на двајцата. Заедно решаваат дека сакаат нивните животи да значат нешто, да постигнат нешто важно. Кога повторно се сретнуваат година дена подоцна, личи на судбина – можеби ќе го најдат своето животно значење еден во друг… Но тогаш, Гејб станува фоторепортер кој добива задача на Блискиот Исток, а Луси гради кариера во Њујорк. Она што следи е тринаесетгодишно патување на соништа, желби, копнежи, љубомори, предавства и, пред сè, љубов. Дали судбината ги има споено? Дали по свој избор се имаат одвоено? Нивните патувања ги носат Луси и Гејб на различни континенти, но никогаш не можат да ја извадат неа од неговото срце и него од нејзиното.

Апсолутен хит за 2017 година, преведен во повеќе од 35 земји.

button-new

400 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
Џил Сантополо е автор на интернационалниот бестселер Светлината што ја изгубивме; книга која е преведена на повеќе од 35 јазици и молскавично брзо се најде на сите најважни листи на најпродавани книги, како листите на Њујорк Тајмс и USA Today.
Книги од Џил Сантополо
Рецензија на уредник

Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната?

Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – дали да даде одобрение за исклучување на апаратите што го одржуваат во живот нејзиниот најдобар пријател и човекот кој воедно е љубовта на нејзиниот живот. Но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот почеток.

Она што следи е тринаесетгодишно патување на соништа, желби, копнежи, љубомори, предавства и, пред сè, љубов. Дали судбината ги има споено? Дали по свој избор се имаат одвоено? Нивните патувања ги носат Луси и Гејб на различни континенти, но никогаш не можат да ја извадат неа од неговото срце и него од нејзиното.

Детали

ISBN: 978-608-4672-93-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 309

  1. :

    5 out of 5

    “Па, фала ти што ми го исполни овој мрачен ден со светлина.”

    Луси и Гејб се знаат уште од младите студентски денови. Тие се запознаваат на 11 септември, ден кој за жителите на Њујорк бил особено мрачен.
    По низа случувања и одлуката на Гејб да се врати кај својата поранешна девојка Стефани нивните патишта се разделуваат.

    Кој вели дека судбината не е тука за повторно да ги спои?
    Тие одлучуваат да го изгибат контактот еден со друг, но нан еколку наврати се среќаваат, како на пример: на денот на нивното дипломирање, на денот на роденденот нс Луси.

    Потоа Гејб ја признава својата грешка од минатото и тие одлучуваат да бидат заедно. По неколку месеци Гејб ќе и каже дека планира да си ги следи и оствари своите соништа, но сепак тие одлучуваат да се вселат во заеднички стан. Една вечер Гејб и соопштува дека добил понуда за работа во списание, во Ирак. Во првиот момент тој и нуди да оди заедно со него и да ја остави својата кариера зад себе во Њујорк, но Луси сфаќа дека тоа е многу сурово и себично од негова страна и ја одбива неговата понуда.

    Тој започнува да гради кариера во Ирак, таа продолжува со својата кариера во Њујорк. Судбината ги дели нивните патишта.

    Иако Гејб и вети дека тие нема да изгубат контакт, не успева да го одржи своето ветување.

    “Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната?”

    Тринаесет години патување на нивните соништа, желби, копнежи еден за друг, љубомора, предавство, запознавање нови личности и нови врски но, и покрај иако се далеку еден од друг, нивната љубов секогаш ќе биде врежана во нив.

    Дали судбината ги има споено, па потоа одлучува да ги раздели?  Дали повторно ќе успее да ги спои останува да откриете самите вие.

  2. :

    5 out of 5

    Прекрасна!

  3. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Со книгава направив отстапување од она што обично избирам да го купам и читам.Искрено,сè беше во корицата.Ги видов силуетите на прекрасната двојка и си реков „Да, добро те купувам. Чао! ’’. Романса воопшто не е мој стил.Но,тогаш мојот мозок ја обработи сценографијата,во нијанси на жолта позадина,силуети од пар,Њујорк голем град ,си реков зошто да не.Насловот некако ми звучеше тажно и срцепарателно,па на крај се наканив да на земам.😁Книгата е преубава,криво ми е порано што не ја прочитав. Долго време стоеше на полица.
    Ја препорачувам од срце!❤

  4. :

    4 out of 5

    Тринаесет години патување на нивните соништа, желби, копнежи еден за друг, љубомора, предавство, запознавање нови личности и нови врски но, и покрај иако се далеку еден од друг, нивната љубов секогаш ќе биде врежана во нив.
    Дали судбината ги има споено, па потоа одлучува да ги раздели? Дали повторно ќе успее да ги спои останува да откриете самите вие.

  5. :

    5 out of 5

    Предобра, најтопло ја препорачувам.

  6. :

    5 out of 5

    Искрено не очекував дека книгава ќе ми остави толку силен впечаток. Многу ме погоди целата приказна. Топло ви ја препорачувам 🙂

  7. :

    5 out of 5

    Одлична, непредвидлива и емотивна – препорачувам 🙂

  8. :

    5 out of 5

    Prekrasna emotivna mnogu, jas posle nea ne mozev 7 dena da pocnam druga da citam.

  9. :

    5 out of 5

    Ја препорачувам, емотивна приказна, многу убава.