View Cart “Совршената мајка” has been added to your cart.
  • img-book

    Џејн Харпер


ISBN: 978-608-4672-75-3

Сушата

од: Џејн Харпер
4.4 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.

Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.

Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.

И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.

button-new

420 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
Џејн Харпер ја има добиено престижната награда Victorian Premier's Literary Award за нејзината прва книга, Сушата, трилер кој направи вистински бум уште во првиот месец од неговото објавување и се распродаде во огромен број земји за рекордно време.
Книги од Џејн Харпер
Рецензија на уредник

Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

Детали

ISBN: 978-608-4672-75-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 347

  1. :

    5 out of 5

    Најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиов век, каде што се чини дека ги излудува луѓето. Пред да пукнат од притисокот и очајот, останува само да се молат за капка дожд.
    Одличен трилер, исклучителни ликови и извондредни описи! 🤗

  2. :

    5 out of 5

    Одличен трилер,ептен ми се допадна.😊 Толку заразна приказна,испреплетена со мистерија што не ме остави на мир додека не ја прочитав. Книгава заслужува повеќе внимание од страна на читателите,чиста 10-ка!😍

  3. :

    3 out of 5

    ништо посебно,

  4. :

    5 out of 5

    Многу добар трилер со две паралелни мистерии.

  5. (го има купено овој производ од сајтот):

    4 out of 5

    Добра приказна, но постојано имав впечаток како да ми фалеше по нешто, затоа многу добра 4ка!