• img-book

    Кирсти Гринвуд


ISBN: 978-608-4672-53-1

Старомодниот водич за љубов и романса

од: Кирсти Гринвуд
5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено. Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.

button-new

390 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Kirsty Greenwood - 1982
Кирсти Гринвуд е родена во Олдам, Манчестер. Таа е основач и главен уредник на Novelicious.com.
Книги од Кирсти Гринвуд
Рецензија на уредник

Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено.

Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.

Вистинскиот тест на оваа трансформација е освојувањето на срцето на озлогласениот женкар Лео Фрост, со што Џес би докажала дека книгите водичи на Матилда сè уште вредат и дека со нивна помош, секоја жена може да пронајде совршен маж. Проектот ќе бара голема посветеност, челични нерви и еден страшно шпицест старовремски градник…

Детали

ISBN: 978-608-4672-53-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 365

  1. :

    5 out of 5

    “Безброј старовремски правила и една многу модерна девојка.”

    Џесика Бим е девојка која како студент ја има изгубено својата мајка, додека пак, својот татко никогаш го нема запознаено. Во овие тешки денови Самер Спенсер е тука да и помогне.

    “Кога запознавате нови пријатели, бидете пријателски расположени и заинтересирани, но не премногу заинтересирани затоа што тоа би можело да предизвика сомнеж.”

    По неколку години изгубени контакти тие повторно се наоѓаат и започнуваат да пишуваат блог: “Summer in the City.” Спенсер е одговорна девојка, со многу пријатели и познанства околу себе. Џесика е девојка која сака да се забавува, многу често заборава да пушти машина за перење, па токну затоа нема и многу чисти алишта за носење, но и покрај се, таа заборава да се појави на работа навреме.

    На една многу важна промоција на книга, Џесика се појавува облечена во шпикозни. Промоцијата завршува хаотично “благодарение” на неа, а на Самер и е дојдено до преку глава од се.
    По неколку дена затворена во соба, Самер донесува конечна одлука да ја отпушти, но и избрка Џесика од својот стан. Кога останува без работа и покрив на главата, нема друг избор освен да ја запознае и побата сбојата баба Матилда.

    “Озборувањето е несофистицирано. Добрата жена си ја гледа својата работа.”

    Матилда Бим била позната во педесеттите, нејзините бестселери ја направиле славна личност. Подоцна, нејзиниот сопруг ја оставил во големи долгови. Во овие мигови кога ниедна издавачка куќа не сака повторно да ги издаде нејзините бестселери, Матилда дпбова одлична идеја. Внуката и бабата добиваат шанса за добра заработка со тоа што ќе успеат да ја трансформираат Џес во вистинска дама со помош на советите и искуствата на Матилда.
    Нивната цел е освојување на најозлогласениот егрен во Лондон, Лео Фрпст. Со тоа Џес ќе докаже дека книгите на Матилда сеуште вредат, дека благодарение на нив секоја жена може да го пронајде својот совршен избор.

    Кога ќе се спојат овие две личности, резултатот е само приказна полна со хумор. Во секое поглавје на самиот почеток има извадок напишан од Матилда во текот на педесеттите години кое се однесува на поглавјето кое следи.

    “Разочарувањето е неизбежно во овој живот. Но, добрата жена може да ги надмине речиси сите работи со совладување на бурите со трпение и добро поведение.”

    Читајќи ја оваа книга вие ќе уживате, ќе се восхитувате и смеете. Никогаш нема да наидете на досадна страница, бидејќи има толку многу различни карактери. Џесика на почетокот можеби ќе ви делува чудно и нема да ви биде една од најпосакуваните ликови но, подоцна ќе ви стане еден од најомилените. Дали советите од 1950 година можат да влијаат во современиот свет останува да откриете самите вие.
    ❤🤗🥰

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Не сум многу по романсите,ама оваа книга ептен ми се допадна.Забавна и смеша приказна,држи внимание до самиот крај,препорачувам.😊

  3. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Книга за опуштање, забавна но не празна приказна. Ќе ве потсети дека луѓето не се секогаш такви како што изгледаат однадвор. Супер избор за на плажа.

  4. :

    5 out of 5

    Баш интересна книга!
    Има моменти кога сакаш да е протресиш Џесика за некој работи што ги прави, но во исто време е супер лик, со текот на приказната созрева во вистинска личност, но сепак останува иста, своја и оригинална  
    Иако е романтична комедија,сепак оваа книга е многу повеќе од тоа, со доста мудри поуки и животни лекции!