• img-book

    Ева Мари Еверсон


ISBN: 978-608-4672-44-9

Прошетка по облаците

од: Ева Мари Еверсон
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.

Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.

Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.

button-new

380 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Eva Marie Everson - (1957)
Ева Мари Еверсон е успешен говорник и наградуван автор. Таа живее во Флорида и е претседател на Word Weavers International и директор на Florida Christian Writers Conference.
Книги од Ева Мари Еверсон
Рецензија на уредник

„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.

Кога бев дете, со часови седев и цртав и измислував одлепени приказни за да им ги раскажувам на моите пријатели. Откачени фантазии врежани на листови со разнобојни мрсни боички. Мислев дека моите приказни ќе го инспирираат светот, дека некако ќе успеат да го направат подобро место за живеење. И одредено време ми изгледаше како сите моите соништа да ќе се остварат.

Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.

Но… ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.

Во мојот живот се појави змеј за да го проголта мојот витез. Но тој убиец не го одзеде само животот на Били. Тој го зеде и мојот живот. Како долгокосата Рапанзел, ме заклучи во ладна, темна кула каде што останав да живеам сама, неспособна да се симнам долу кај што светот беше зелен и топол од сонцето. Боите почнаа да бледеат и да исчезнуваат сè додека не останаа само црната и белата. Местата кои – порано – слободно беа мои, сега ми беа забранети.

Порано сонував за раскажување приказни. Но никогаш, ни на сон, не помислив дека мојата ќе заврши вака.“

Што прави човек кога ќе ја изгуби вербата? Надежта? Волјата да продолжи понатаму? Што се прави кога сопствениот живот повеќе ти нема никаква смисла? Кога и самото дишење, самото земање здив – еден, единствен здив – ја бара целата енергија што ја имаш, додека не ја потрошиш и неа? Што тогаш?

Детали

ISBN: 978-608-4672-44-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2015
Број на страници: 235

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Многу убаво и поучно книгиче❣
    Секој треба да ја прочита книгава,навистина преубава приказна!❤

  2. :

    5 out of 5

    Книга за верата, надежта, љубовта. Да се продолжи понатаму и кога во срцето има само горчина.