-
Симон Елкелс
Перфектна хемија
од: Симон ЕлкелсЕдна осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа…
Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку…
Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра. Но оваа игра е како игра со оган – колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни.
380 ден
Моментално недостапна
Една осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа…
Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку…
Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра. Но оваа игра е како игра со оган – колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни.
Она што Британи Елис не го знае е дека нејзината маска и „перфектен“ живот ќе почнат да ѝ се распаѓаат пред очи. Она што Алекс Фуентес не го знае е дека Британи не е само арогантна популарна девојка, туку вистинска личност со вистински проблеми која ќе го натера да стави точка на лошиот живот кој досега го живеел и да побара нешто повеќе од својата иднина.
За сите млади кои сè уште го бараат својот пат, за оние кои не се чувствуваат добро во „својата кожа“ која им е наметната од други, за сите кои се чувствуваат помалку вредно и важно од останатите, за сите на кои им е потребна инспирација, за сите кои бараат уживање и позитивна енергија, за сите кои бараат одобрување за своите постапки, а длабоко во себе не им е потребно, за сите кои веруваат дека не е лесно да се обидуваш да бидеш совршен, за сите кои веруваат дека класните разлики не можат да ги разделат луѓето и не можат да направат разлика во големината на љубовта… За сите оние на кои им се допадна „Три метри над небото“…
Интернационално популарен роман за млади со 4 освоени награди.
ISBN: 978-608-4672-05-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 366
Ivana – :
Прекрасна љубовна приказна која се чита во еден здив! Моја омилена книга. Не можев да ја оставам кога почнав да ја читам! Топло ја препорачувам.
Ana – :
Предобра! Уште на првата страница направи да ја вбројам во листата на омилени книги. Топло ја препорачувам❤
miroslavlazareski – :
Врвна книга. Се чита во еден здив. Прекрасна љубовна приказна за две различни фамилии, две различни класи. Уште еден доказ дека љубовта нема граници. Чиста десетка. Ви ја препорачувам.
Стефани – :
Убава љубовна приказна,брза и лесна за читање.🤗
Потсетува на филмот “3 metros sombre el cielo”.
Александар Николовски – :
Можеби малку повеќе потсетува на Три метри над небото, но е супер на свој начин… ептен ви ја препорачувам!
Клара – :
Перфектна како и насловот; неверојатно добра книга!
Angela – :
Одлична книга, толку многу ја засакав што ги прочитав и другите две продолженија на англиски, а прочитав и други книги од Симон Елкелс одлична авторка треба да има повеќе преводи на нејзини дела!
Силвана – :
Прекрасна книга која се чита во еден здив, но би било добро да ги добиеме и другите две продолженија која ги има оваа книга. Со нетрпение ги очекувам !!!!!!!!!!!
Слаѓан Бишковски – :
Предобра книга 🙂
Бисера – :
Ја обожавам оваа книга!