• img-book
    8

    Колин Хувер


ISBN: 978-608-4672-67-8

Ова завршува со нас

од: Колин Хувер
5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

button-new

400 ден

Количина:
Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Colleen Hoover - 1979
Колин Хувер е бр.1 Њујорк тајмс најпродаван автор на единаесет романи и пет новели. Хувер спаѓа во категорија на книги за млади, а својата прва книга „Само пријатели“ ја објави, во јануари 2012 година.
Книги од Колин Хувер
7
Купи
89
Купи
49
Купи
47
Купи
21
Купи
Кратка содржина

Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.

Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.

Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.

Детали

ISBN: 978-608-4672-67-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 346

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Prikazna koja dolgo ostanuva vo Vas!
    Se cita vo eden zdiv. Respect za avtorot!

  2. :

    5 out of 5

    Неодамна ја прочитав и навистина не згрешив што го направив тоа, прекрасна емотивна приказна испреплетена со хумор и романса.

  3. :

    5 out of 5

    Најдоброто нешто што излегло од перото на Колин Хувер, неверојатна книга!

  4. :

    5 out of 5

    Предобра книга, иако сите нејзини се одлични…

  5. :

    5 out of 5

    Колин Хувер ми е омилена авторка, а ова дефинитивно ми е најомилената книга од неа.