• img-book

    Шеви Стивенс

Попуст!

ISBN: 978-608-4741-05-3

Никогаш не се знае

од: Шеви Стивенс
4.6 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

На триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.

Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.

Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.

И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.

Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…

– Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –

button-new

420 ден294 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Chevy Stevens - 1973
Шеви Стивенс е автор на трилери од Канада. Таа живее во Ванкувер Ајленд, Британска Колумбија. Кога ја добила идејата за нејзиниот прв трилер „Исчезната без трага“ таа и самата била агент за недвижнини како и главниот лик од приказната.  Тој трилер беше бестселер на Њујорк Тајмс.
Книги од Шеви Стивенс
Рецензија на уредник

На триесет и три години, Сара Галагер конечно е среќна. Нејзиниот бизнис за реставрација на мебел цвета и верена е со прекрасен човек. Но има едно големо прашање што сe уште ја прогонува – кои се нејзините биолошки родители? Сара конечно е подготвена да дознае, бидејќи одамна знае дека е посвоена и копнее да дознае нешто повеќе за вистинските родители.

Но некои прашања е подобро да останат неодговорени.

Кога конечно ја наоѓа, нејзината биолошка мајка ја одбива – повторно. А има и голема причина за тоа. Сара дознава дека нејзиниот татко е сериски убиец кој убива жени секое лето скоро четириесет години наназад. Таа се обидува да се помири со своите ужасни корени, но почнува да се плаши дека има наследено нешто повеќе од физички изглед од него.

И набрзо сфаќа дека има нешто полошо од тоа да дознаеш дека татко ти е сериски убиец, а тоа е тој да дознае за тебе.

Никогаш не се знае е трилер што не се остава; приказна на жена која се обидува да дознае од каде потекнува. Но тоа е, се разбира, ако воопшто успее да преживее…

– Од авторката на бестселерот Исчезната без трага –

Детали

ISBN: 978-608-4741-05-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 368

  1. :

    4 out of 5

    Добар трилер кој што не е многу напнат но има добра приказна 🙂

  2. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Интересна приказна,добар трилер иако очекував повеќе.🙂

  3. :

    4 out of 5

    За мене лично подобра од Исчезната без трага, некако понапната ми беше… побарајте ја обавезно, тврдам дека нема да ве разочара…

  4. :

    5 out of 5

    Многу добра книга. Чим ја прочиташ првата страна нема да се одвоиш до последната.

  5. :

    5 out of 5

    Интересна приказна,брзо дејствие и многу заплети… вреди да се прочита 🙂