-
Кетрин Стедман
Нешто во водата
од: Кетрин СтедманСте се запрашале ли некогаш колку време е потребно за да се ископа гроб?
Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно. Тие имаат совршен живот; таа е режисер на документарци, а тој згоден, успешен банкар. Имаат прекрасна куќа во Лондон и ја планираат нивната свадба, како и луксузен меден месец на Бора Бора. Да, тие имаат сè, но Марк одеднаш ја губи работата и во нивниот совршен живот почнуваат да се појавуваат пукнатини.
Но тие се решени да се потрудат да им успее. Одат на свадбеното патување и веруваат дека сè ќе се среди – на крајот на краиштата, се имаат еден со друг. На Бора Бора, Марк инсистира да нуркаат. Ерин страшно се плаши, но тој е со неа – знае дека ќе биде безбедна. Но, неочекувано наоѓаат нешто во водата.
Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?
Марк ја сака Ерин и Ерин го сака Марк. Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…
420 ден339 ден
Моментално недостапна
ISBN: 978-608-260-008-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 310
Александар Николовски – :
Во глобала просечно трилерче, меѓутоа приказната е мошне интересна, лесна и заразна за читање. Како за одмор од потешки трилери, супер е.
Денис – :
Премногу млака книга , има многу “дупки” во објаснувањата на работите, не ја препорачувам.
Гордана – :
Прекрасно ремек дело на Кетрин Стедман.
Нена – :
Ликот на Ерин е дефинитивно многу добро осмислен и динамичен. Интересна приказна која држи внимание, на моменти предвидлива но во секој случај занимлива и напната.
Наташа – :
Лесен трилер.
Стефани – :
Интересен трилер,не е многу напната приказната и баш ми се допадна. 😊
Елена (го има купено овој производ од сајтот) – :
Интересна книга, го претчуствував крајот цело време.