• img-book
    Нешто во водата

    Кетрин Стедман


ISBN: 978-608-260-008-6
Category:

Нешто во водата

од: Кетрин Стедман

Сте се запрашале ли некогаш колку време е потребно за да се ископа гроб?

Ерин го сака Марк и Марк ја сака Ерин. Нивната љубов е една од оние фанатичните, кои горат силно, љубов каде ништо друго не е важно. Тие имаат совршен живот; таа е режисер на документарци, а тој згоден, успешен банкар. Имаат прекрасна куќа во Лондон и ја планираат нивната свадба, како и луксузен меден месец на Бора Бора. Да, тие имаат сè, но Марк одеднаш ја губи работата и во нивниот совршен живот почнуваат да се појавуваат пукнатини.

Но тие се решени да се потрудат да им успее. Одат на свадбеното патување и веруваат дека сè ќе се среди – на крајот на краиштата, се имаат еден со друг. На Бора Бора, Марк инсистира да нуркаат. Ерин страшно се плаши, но тој е со неа – знае дека ќе биде безбедна. Но, неочекувано наоѓаат нешто во водата.

Колку далеку би отишле за да бидете вистински среќни?

Марк ја сака Ерин и Ерин го сака Марк. Но кога приказната почнува, тие двајца се во шума; едниот од нив е мртов, а другиот копа гроб. Што ли се случило? Има само еден начин да дознаете…

420 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
1987
Кетрин Стедман е актерка и писателка од Лондон. Најпозната е по улогите во Downton Abbey и Tutankhamun. Нешто во водата е нејзина прва книга, која веднаш стана интернационален бестселер преведен во 32 земји. Правата за филм ги откупи успешното студио на Рис Витерспун.
Книги од Кетрин Стедман
Nesto vo vodata
Купи
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-008-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 310

“Нешто во водата”

Уште нема коментари за овој производ.