• img-book
    NA RAB FINAL

    Б.А. Парис


ISBN: ‎978-608-4672-90-6

На раб на лудило

од: Б.А. Парис

Ако не можеш да си веруваш себеси, кому можеш да веруваш?

Ноќ, сред страшна бура, Кес се враќа дома сама и сопругот ја замолува да не крати преку патот во шумата, бидејќи тој пат е опасен кога дивее страшна бура. Но и покрај тоа што му ветува дека нема, таа не сака да патува 40 минути, па пресекува низ шумата. Таму, на напуштениот рурален и морничав пат, здогледува застаната кола, а во неа седи жена, сама. Кес претпоставува дека жената чека некого, па си продолжува. Но утредента дознава дека жената подоцна била убиена и никако не може да се помири со тоа.

Таа се обидува да го исфрли ужасното злосторство од нејзината глава; што можеше да направи, реално? Тоа е опасен пат за жена, и тоа сред бура. Нејзиниот сопруг ќе збеснеше ако дознаеше дека го прекршила ветувањето. А веројатно и таа ќе беше повредена ако застанеше да ѝ помогне на жената. Но оттогаш упорно заборава некои работи: каде ја паркирала колата, дали се напила апче, кој е кодот за алармот, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Единственото нешто што не може да го заборави е таа жена, жената што можеби можеше да ја спаси и ужасната, неподнослива грижа на совест. И не може да разбере зошто упорно има чувство дека некој да набљудува тајно…

400 ден

Количина:
Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- B.A Paris
Б.А. Парис има француско/ирско потекло. „Зад затворени врати“ е нејзината прва книга. Израсната во Англија, се сели во Франција каде работи како брокер во меѓународна банка, а подоцна со сопругот отвораат нивно сопствено училиште и почнува да работи како наставник. Тие сега живеат во Франција и имаат пет ќерки.
Книги од Б.А. Парис
na-rab-final
Купи
Зад затворени врати
Купи
За книгата
Детали

ISBN: ‎978-608-4672-90-6
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 350

“На раб на лудило”

Уште нема коментари за овој производ.