• img-book

    Џули Џејмс

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-34-0

На една свадба

од: Џули Џејмс
5 од 5 од 5 оцени на читатели
5 оцени од читатели

ТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.
После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.

НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.
Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

button-new

390 ден273 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Julie James - 1974
Џули Џејмс од адвокат во Чикаго се претвори во најпродаван автор на Њујорк Тајмс. Нејзините книги се наоѓаат на многубројни светски листи во Топ 10 Романси на Годината. Нејзините книги се преведени на седумнаесет јазици, а бројката постојано расте.
Книги од Џули Џејмс
Рецензија на уредник

ТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.

После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.

НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.

Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

Се чини дека Џејмс станува сè подобра со секоја следна книга, а ова е НАЈДОБРОТО од неа досега!

Детали

ISBN: 978-608-4672-34-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 305

  1. :

    5 out of 5

    Специјалниот агент Вон Робертс го следеше состанокот кој се одвиваше неколку маси подолу. Сидни Синклер ја има откажано својата свршувачка пред шест месеци. Таа ги мрази мажите кои се самоуверени, шармантни, привлечни, нездраво убедливи, згодни и досетливи. Беше свршена со ваков тип на човек и и беше многу јасно како ќе се одвиваат работите. Една вечер нејзината сестра и соопштува дека ќе се мажи после тримесечна врска.

    “А зошто би сакал да и се посветиш само на една личност сега? За мажите кои се привлечни како ти, овој град е една огромна слаткарница полна со толку многу шарени и слатки колачиња што не постои теоретска шанса да одбереш само едно.”

    Вон Робертс е човек кој сака да се забавува. Слободен маж кој излегува со различни жени за да си помине добро и убаво. Тој едноставно уживаше во ваквиот тип на живот. Се се менува една вечер кога тој оди на вечера со својот брат, каде треба да ја запознае неговата девојка. Тие му соопштуваат дека наскоро ќе се земат.

    “Верувај ми дека ова е најучтивата од сите работи кои чекав да ти ги кажам цела вечер.”

    Сега Сидни треба да биде старосватица на свадбата кај незината сестра, Изабел, а Вон кум. Сидни цврсто стои на одлуката дека ќе го игнорира Вон, но Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

    Како ќе се одвива заплетот на настаните, останува да откриете самите вие. Како и секогаш, Џули е тука да ве насмее и расположи. Одлична романса која топло ви ја препорачувам.

  2. :

    Како ќе се одвива заплетот на настаните, останува да откриете самите вие. Како и секогаш, Џули е тука да ве насмее и расположи. Одлична романса која топло ви ја препорачувам

  3. :

    5 out of 5

    “Верувај ми дека ова е најучтивата од сите работи кои чекав да ти ги кажам цела вечер.”

    Сега Сидни треба да биде старосватица на свадбата кај незината сестра, Изабел, а Вон кум. Сидни цврсто стои на одлуката дека ќе го игнорира Вон, но Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

    Како ќе се одвива заплетот на настаните, останува да откриете самите вие. Како и секогаш, Џули е тука да ве насмее и расположи. Одлична романса која топло ви ја препорачувам.

  4. :

    5 out of 5

    Чувствата што ги буди оваа книга не можат да се доловат ни на филмското платно. Оригинално !!!

  5. :

    5 out of 5

    Одлична 😀