• img-book
    76

    Џилијан Флин


ISBN: 978-608-4672-35-7

Мрачни места

од: Џилијан Флин

Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.

Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?

Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен.
Кој го извршил масакрот?

button-new

420 ден

8 на залиха

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Gillian Flynn - 1971
Џилијан Флин е американски автор, сценарист, стрип писател и поранешен телевизиски критичар за Entertainment Weekly.  Во 2014 година таа го адаптираше за филм нејзиниот урнебесен трилер „Ејми ја нема“ во режија на Дејвид Финчер. Моментално живее во Чикаго со својот сопруг и децата.
Книги од Џилијан Флин
115
Купи
75
Купи
Кратка содржина

Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат.

Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати?

Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен. Кој го извршил масакрот?

Детали

ISBN: 978-608-4672-35-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2014
Број на страници: 360

“Мрачни места”

Уште нема коментари за овој производ.