• img-book
    16

    Махбод Сераџи


ISBN: 978-608-4672-41-9

Крововите на Техеран

од: Махбод Сераџи

Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.

И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…

button-new

380 ден

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Mahbod Seraji - 1956
Махбод Сераџи е иранско-американски автор, роден во Иран. Тој доаѓа во Америка на 19 години и живее во Ајова, каде ги завршува докторските студии. Неговата прва книга „Крововите на Техеран“ се најде на многу топ листи и освои бројни награди. Махбод моментално живее во Сан Франциско.
Книги од Махбод Сераџи
15
Купи
Кратка содржина

Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.

И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…

Детали

ISBN: 978-608-4672-41-9
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 330

“Крововите на Техеран”

Уште нема коментари за овој производ.