• img-book

    Кристин Хана

Попуст!

ISBN: 978-608-4672-78-4

Кога сакаш некого

од: Кристин Хана
5 од 5 од 3 оцени на читатели
3 оцени од читатели

Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.

Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.

Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

button-new

420 ден252 ден

Количина:
Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Kristin Hannah - 1960
Кристин Хана е една од најпродаваните американски писатели која има освоено бројни награди, вкулучувајќи ја наградата Golden Heart, the Maggie и 1996 National Reader's Choice award. Taa живее на Бејнбриџ Ајланд, Вашингтон, со сопругот и нивниот син.
Книги од Кристин Хана
Рецензија на уредник

Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

Детали

ISBN: 978-608-4672-78-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 366

  1. :

    5 out of 5

    “Нема нешто што боли повеќе…Од празните раце на една жена.”

    Енџи ДеСариа има прекрасен сопруг и семејство кое неизмерно ја сака. Целиот свој живот си го живее според однапред подготвен план. Таа успева да ги исполни сите планирани работи, освен една: да има дете. Изминатите години и се поминати во неуспешни обиди да роди дете, но и покрај се желбата и љубовта се уште се скриени длабоко во неа. За Енџи и Кон со секој изминат ден болката им делуваше се потежок предизвик. Нивните заеднички сили беа при крај, токму затоа одлучија дека е најдобро да се разделат.

    Енџи не може да се навикне на осамениот живот, но затоа тука е нејзиното семејство. Една нивна неочекувана посета и одлука успеаа да го променат нејзиниот живот. Преселбата во родниот град за неа претставува голема промена. Минатото, семејството и загубата на својот татко се само дел од работите кои ја навраќаат во овој град. Превземањето на нивниот семеен ресторан во ВестЕнд и дава мотивација за работа и истражување.

    Една неочекувана средба и носи многу нови промени во нејзиниот живот. Запознава една млада девојка на која очајно и треба помош, пари и работа. Лорен е матурантка која е целосно посветена на училиштето и својата иднина, живее со својата мајка, но и покрај се има многу проблеми. По неколку дена Енџи одлучува да ја вработи Лорен затоа што гледа нешто посебно во неа, смета дека е многу поразлична од тинејџерите на нејзина возраст. За кратко време тие стануваат многу блиски. Една вечер, една грешка ќе успее да го промени животот на Лорен, таа набргу останува без кров над глава, но и без својата мајка, која одлучува да ја напушти. По низата случувања Енџи се одлучува да и понуди семејство и кров над глава. Нивниот заеднички живот станува поинаков, поубав и поисполнет за разлика од претходно.

    Емотивна книга која ни ја опишува суштината на реалниот и суров свет. Ова е приказна за едно девојче кое копнее за мајчинска љубов, за жена која копнее за дете- животот им приредува тест како никогаш претходно. Приказна која ќе ви пробуди многу чувства, ќе ве натера да пролеете и по некоја солза, ова е приказна која ќе ве остави без зборови и ќе допре длабоко до вас.

    “Јас си платив за мојата грешка. Нема да плаќам и за твојата.”

  2. :

    5 out of 5

    Емотивна книга која ни ја опишува суштината на реалниот и суров свет. Ова е приказна за едно девојче кое копнее за мајчинска љубов, за жена која копнее за дете- животот им приредува тест како никогаш претходно. Приказна која ќе ви пробуди многу чувства, ќе ве натера да пролеете и по некоја солза, ова е приказна која ќе ве остави без зборови и ќе допре длабоко до вас.

    “Јас си платив за мојата грешка. Нема да плаќам и за твојата.”

  3. :

    5 out of 5

    Секоја една книга од Кристин Хана – Вистинско Ремек Дело! 🙂