• img-book

    Лори Нелсон Спилмен


ISBN: 978-608-4741-06-0

Ќе има друг ден

од: Лори Нелсон Спилмен
4.67 од 5 од 6 оцени на читатели
6 оцени од читатели

Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.

Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

button-new

390 ден

Моментално недостапна

Клучни зборови: , , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lori Nelson Spielman - 1961

Лори Нелсон Спилмeн е поранешен патолог за говор, советник и учител. Пишувањето е нејзината вистинска страст. Нејзиниот прв роман, „Ќе има друг ден“ беше објавен во 30 земји. Нејзиниот втор роман, „Слатко простување“, беше издаден во јуни 2015. Во моментов работи на својата трета книга. Таа живее во Мичиген.

Книги од Лори Нелсон Спилмен
Рецензија на уредник

Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.

1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.

Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.

Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

Потиштена од тага и болка, Брет не може да ја разбере одлуката на мајка ѝ. Но додека се бори да ја комплетира листата, сфаќа дека најслатките подароци на животот понекогаш се наоѓаат на најнеочекуваните места.

Детали

ISBN: 978-608-4741-06-0
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 367

  1. :

    5 out of 5

    “Понекогаш, најслатките подароци во животот ги наоѓаме на најнеочекуваните места…”

    Емотивна и реална приказна за Брет. Нејзината мајка умира, а зад себе остава наследство.
    Покрај наследството има и една листа со желби која и припаѓа на Бред. Таа мора да ја заврши својата тајна листа која ја напишала на 14 годишна возраст.

    На листата се наоѓаат 20 желби.
    Животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.
    1. Имај бебе, а можеби и две.
    2. Бакни го Ник Никол.
    3. Биди дел од групата мажоретки.
    4. Добивај чисти петки.
    5. Скијај на Алпите..
    6,7,8,9….

    Брет во овие моменти е потиштена од тага и болка од загубата на својата мајка.
    Таа покрај загубата, во овие моменти смета дека има се што еден човек може да посака.

    Таа смета дека како дел од наследството ќе биде и нејзиното назначување на директор на семејната компанија, но на нејзино изненадување тоа не се случува. На местото на директор назначуваат некој што таа најмалку очекува.

    Мајка и во наследството од Брет пред се, бара да ја комплетира целата листа со желби. 

    Благодарение на листата, желбите ќе и донесат многу промени во животот. Ќе сфати дека сепак не била во право за многу работи, за кои претходно сметала дека ја исполнуваат во животот.

    Секоја од желбите ќе ја навртатат на младоста, ќе ја потсетат како да живее, ќе ја освестат за многу работи, но и ќе се соочи со различни ситуации и луѓе.

    На крајот ќе сфатите дека мајка и со право и ја оставила тајната листа. Со исполнување на секоја желба таа ќе добива по нешто од наследството на мајка и.

    Според мене ова е една од најдобрите книги кои ги имам прочитано до сега. Една несекојдневна, емотивна приказна во која се заљубив уште на самиот почеток.

    “Љубовта не е тест на издржливост”.

  2. :

    5 out of 5

    Според мене ова е една од најдобрите книги кои ги имам прочитано до сега. Една несекојдневна, емотивна приказна во која се заљубив уште на самиот почеток.

    “Љубовта не е тест на издржливост”.

  3. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Многу убава приказна,уживав во секоја страница!😍

  4. :

    5 out of 5

    Многу прекрасна книга, не можев да ја оставам.

  5. :

    5 out of 5

    Ја препорачувам на читатели кои сакаат книги во кои љубовната приказна не е центреална тема туку општо животот, радоста, остварувањета како личност. Мене ми се допадна оваа книга.

  6. :

    3 out of 5

    Океј книга. Фино ми беше додека ја читав, се замислив и јас за желбите кои сум ги имала кога сум била мала и колку од нив сум остварила. Книгава не е типична љубовна приказна, со фокусот ставен на тоа. Повеќе е за патот по кој главниот лик треба да се движи за да биде вистински среќна. Трудејќи се да ги исполни желбите на мајка и, Брет запознава многу луѓе, се соочува со различни ситуации, учи како да биде храбра и како да се соочи со различните предизвици. Авторот креирал интересни ликови, со трогателни судбини и животни приказни кои ќе и помогнат на Брет да се пронајде себеси. Мене ми се допадна да читам за повеќето од нив. Исто така ми се допадна и начинот како писателката ја истакнува поврзаноста помеѓу мајката и ќерката, дури и по смртта на мајката. Книгата инспирира и дава надеж дека понекогаш љубовта, работата од твоите соништа и малите задоволства, ги пронаоѓаш таму каде не си планирал и очекувал.