• img-book

    Пам Џеноф


ISBN: 978-608-260-020-8

Изгубените девојки во Париз

од: Пам Џеноф
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храброста на жените како шпиони за време на Втората светка војна.

1946, Менхетен

Грејс Хејли се обидува одново да го изгради својот живот откако го губи сопругот во војната. Едно утро, додека поминува низ железничката Гранд Централ одејќи на работа, таа наоѓа напуштен куфер пикнат под една од клупите на терминалот. Не можејќи да одолее на љубопитноста, Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Импулсивно, ги зема фотографиите и брзо заминува од железничката.

Грејс набрзо дознава дека куферот припаѓал на Еленор Триг, лидерка на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната. Дванаесет од овие жени биле пратени во Окупирана Европа како радио операторки за да помагаат во отпорот, но тие никогаш не се вратиле дома и нивните судбини останале мистерија. Решавајќи да ја дознае вистината, Грејс посебно ја влече младата мајка Мари која била таен агент во Париз и чија опасна мисија раскажува уникатна приказна за пријателството, војната и предавствата.

button-new

450 ден

Количина:
Клучен збор:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Пам Џеноф е американска авторка, адвокатка и професорка по право. Таа има неколку огромни светски хитови, меѓу кои најпознат е Девојката на командантот, а најнов и најпопуларен Вагонот со сираци.
Книги од Пам Џеноф
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-020-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 370

  1. :

    5 out of 5

    Оваа е потресна приказна, на којашто не верувам дека некој човек ќе остане имун за борби на девојки во војната. Имено, Еленор е ракводител на девојки, коишто ќе ги извршуваат нејзини наредби во војната. Но, дали и колку ќе може самите да се подготват низ различни ризици и предизвици? Што се крие зад самата Еленор, директор или некоја сосем трета личност? Дали вистината некогаш ќе се откри за нивните тајни планови, што ги правеле против овие девојки? На каков начин ќе завршат животи на самите девојки?

  2. :

    5 out of 5

    Ми се свиѓаше повеќе од дел од другите книги на Џеноф.