• img-book
    144

    Шеви Стивенс


ISBN: 978-608-4672-11-1

Исчезната без трага

од: Шеви Стивенс
4.5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар.

Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана.

И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…

Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…

„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“

button-new

420 ден

Количина:
Клучни зборови: , ,
Запознајте се со авторот
avatar-author
- Chevy Stevens - 1973
Шеви Стивенс е автор на трилери од Канада. Таа живее во Ванкувер Ајленд, Британска Колумбија. Кога ја добила идејата за нејзиниот прв трилер „Исчезната без трага“ таа и самата била агент за недвижнини како и главниот лик од приказната.  Тој трилер беше бестселер на Њујорк Тајмс.
Книги од Шеви Стивенс
143
Купи
25
Купи
Кратка содржина

Едно топло летно утро, кога Ени – триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини – го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа има само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка ѝ од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе ѝ се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.

Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии со нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени…

Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние – заедно со неа – почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.

Исчезната без трага е реткост помеѓу трилерите: искрена, директна, шокантна, брутална книга преведена на 25 јазици…

„Често гледаме лица на убави, насмеани исчезнати жени на насловните страници. Си велиме: Кутрата жена… Но никогаш не ни паѓа на ум дека следната насловна би можела да ја носи нашата слика…“

Детали

ISBN: 978-608-4672-11-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 350

  1. :

    5 out of 5

    Емотивен и шокантен трилер со многу пресврти, одлична.

  2. :

    4 out of 5

    Уникатен концепт,нема што 🙂
    Многу интересна книга 🙂