• img-book
    164

    Линдзи Келк


ISBN: 978-608-65234-4-2

Го сакам Париз

од: Линдзи Келк

Па, авантурата продолжува. Ја следиме Анџела во сосема нова и тоа европска авантура. Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.

Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria’s Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. И Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.

Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?

button-new

380 ден

Распродадено

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lindsey Kelk - 1980
Линдзи Келк е британски бестселер автор на чик литература и новинар, а претходно работела како уредник на детски книги.  Започнувајќи ја својатa кариера со договор за серијалот Го Сакам... таа денес веќе има објавено 11 романи и две е-книги. Линдзи моментално живее во Лос Анџелес, Калифорнија.
Книги од Линдзи Келк
Планот за среќен крај
Купи
Го сакам Њујорк
Купи
163
Купи
129
Купи
131
Купи
Кратка содржина

Па, авантурата продолжува. Ја следевме Анџела кога побегна од Лондон во Њујорк поради тоа што нејзиниот свршеник ја изневеруваше на задното седиште од нивната кола, ја следевме во Холивуд каде требаше да интервјуира популарна филмска ѕвезда – авантура која за малку ќе ја чинеше работно место, американска виза и момче, а сега ја следиме во сосема нова и тоа европска авантура. Сите опседнати со оваа трилогија веќе знаат дека сега Анџела го има совршеното момче Алекс, и дека тој е подготвен за следниот чекор – заедничко вселување. Но нашата Енџи, изгорена па сега дува и на јогурт, смета дека заедничкото вселување не е толку паметен избор затоа што мисли дека тоа би ја уништило нивната врска и би можело да заврши како нејзиното последно непријатно искуство со нејзиниот бивши. Како нарачано, Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle што за Анџела претставува одлична шанса да се одложи разговорот за заедничкиот живот и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.

Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. Да не имавте некој вибратор внатре, нешто беше сомнително во него? И како тоа да не е доволно, нејзината надредена од списанието Belle е вистинска КУЧКА која успева да ѝ упати и до десет навреди во минута. И како тоа да не е доволно, некој сака да ја саботира нејзината важна задача на десетици начини. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria’s Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. Руса коса, долги нозе, размачкан креон, главен вокал и гитарист во секси женски бенд, француски акцент, стан со поглед на Сена… дури и на Анџела ѝ доаѓа да ѝ се фрли во скут на Солен. Но Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.

Ова навистина не е фер. Сè што сакаше Енџи беше да носи беретка, да го држи за рака Алекс додека тој носи црна ролка во француски стил, да се шетаат заљубено покрај Сена, да ја храни со сирење… и секако, да тркне до Шанел. Зарем мораше повторно сè да тргне наопаку?

Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?

Детали

ISBN: 978-608-65234-4-2
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2011
Број на страници: 305

“Го сакам Париз”

Уште нема коментари за овој производ.