• img-book
    Линдзи Келк

    Линдзи Келк


ISBN: 978-608-65234-0-4

Го сакам Њујорк

од: Линдзи Келк
5 од 5 од 4 оцени на читатели
4 оцени од читатели

Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!

Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК!

Запознајте ја Анџела Кларк! Новата и помлада Кинсела!

button-new

390 ден

Моментално недостапна

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Lindsey Kelk - 1980
Линдзи Келк е британски бестселер автор на чик литература и новинар, а претходно работела како уредник на детски книги.  Започнувајќи ја својатa кариера со договор за серијалот Го Сакам... таа денес веќе има објавено 11 романи и две е-книги. Линдзи моментално живее во Лос Анџелес, Калифорнија.
Книги од Линдзи Келк
Додадена
Рецензија на уредник

Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка.

Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот.

И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!

Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!

Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?! И тоа едноставно се случува… Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега!Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака… Но кој може да ја обвини?!

Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам…“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!

Детали

ISBN: 978-608-65234-0-4
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Број на страници: 317

  1. :

    5 out of 5

    “Кога бегаш со скршено срце… Постои само едно место каде можеш да отидеш…”

    Анџела е деверица на свадбата на нејзината најдобра другарка Луиза. Таа носи преубав тесен фустан, со боја на светло кафе. Потајно знае дека дамките од пот ужасно ќе и се забележуваат. Носи убави и скапи потпетици “Кристијан Лубутон”, од кои ја болат нозете. Вчудовидена од тоа колку кратко траат свадбените церемонии, за разлика од тоа колку месеци, викенди и часови се поминати во подготовка, се надева дека таа и Марк се следни за свадба, а Луиза ќе им биде деверица.

    По неколку часа се одлучува да ги побара нејзините удобни ниски чевли, каде сфаќа дека тие се наоѓаат во автомобилот. Скриен помеѓу дрвја, во автомобилот за неа и нивните деца имаше вклучено светло во задниот дел. Во првиот момент таа помисли дека ќе треба да се соочи со крадците на автомобилот, но кога собра храброст да ја отвори задната врата таа го виде Марк заедно со една русокоса. Си ја зема платнената кеса за чевли и си замина.

    Чувствувајќи се уништено и предадено, бидејќи нејзините пријатели знаеле за нив и нивната ситуација, таа одлучува да замине некаде далеку. Оставајќи ги зад себе уништената свадба на Луиза, скршениот прст на младоженецот и Марк заедно со русокосата. Далеку од сите кои ја лажеле, некаде далеку каде ќе има шанса за нов почеток, шанса за нов живот.

    “Луѓето одат во Лос Анџелес за да се пронајдат себеси, но доаѓаат во Њујорк за да станат некоја нова личност.”

    Првата идеја што и падна на памет беше Њујорк. Првиот хотел кој го најде нејзиниот таксист беше хотелот “Јунион”. Џенифер, која работеше на рецепција во овој хотел беше другарка каква што може да посакате во овие моменти. Благодарение на неа Анџела започнува нов живот. Таа иако последните неколку години ги поминала со Марк, сега започнува да се чувствува своја и слободна. Почнува да излегува, флертува, но и повторно се заљубува. После само една недела од непосакуваната случка таа сега има живот полн со забава, авантура, нови пријатели, но и убава работа.

    Интересна приказна која ќе ве насмее, расположи и покаже како се живее живот на еден несекојдневен начин. Во еден миг ќе посакате да видите како изгледаат Лубутон чевлите и Макс Бренер чантата.  Ова е приказна во која ќе сфатите дека промените се случуваат доколку вие дозволите..

  2. :

    5 out of 5

    Интересна приказна, која на несекојдневен начин ќе ве насмее и расположи ❤

  3. :

    5 out of 5

    Целиот серијал е преубав,препорачувам да се прочита.
    Смешна и позитивна приказна.❤

  4. :

    5 out of 5

    Ја барав долго време, конечно излезе и тоа со преубава корица.