- You cannot add "Перфектна хемија" to the cart because the product is out of stock.
-
Линдзи Келк
Го сакам Лондон
од: Линдзи КелкАнџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично.
Само што… таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк.
Крајот на серијалот „Го сакам…“ – книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
380 ден
Моментално недостапна
Домот е таму каде што е и срцето. Така?
Анџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично.
Само што… таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк. И таму е нејзината најдобра пријателка од детството со своето ново страшно бебе. И мајка ѝ која сѐ уште ѝ зборува како да има петнаесет години. Помеѓу другото, се шушка и за свадба. А сите ние многу добро знаеме каква среќа имаше Анџела со минатите свадби.
Во оваа последна книга ќе се сретнете речиси со сите ликови кои се појавија во серијалот – приказната завршува за сите нив. Анџела, Алекс, Џени, Сади, Џејмс, Грахам, Грег, Луиза, Тим, Марк, родителите на Анџела и многу други. А каде што има многу ликови, таму мора да има голема збрка. Добро, Анџела не е Анџела ако не направи голема збрка и ако не ја заврши приказната во свој стил.
Крајот на серијалот „Го сакам…“ – книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
ISBN: 978-608-4672-12-8
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 337
Стефани – :
Цел серијал многу ми се допадна!❤
Анастасија – :
Мене ова книга ми е најубава од сите во серијалот,ама не е ништо посебно ни книгава ни цел серијал,сепак е доста смешен,затоа 4 иначе би дала 3,5.