-
Џ.П Дилејни
Девојката пред мене
од: Џ.П ДилејниНаправи список со сите работи што ги поседуваш и ги сметаш за клучни за твојот живот.
Барањето делува чудно, дури и нападно – и за двете жени кои ќе одговорат на него, последиците ќе бидат фатални.
Истрауматизирана од провала во нивниот дом, Ема сака ново место за живеење. Но ниту еден од становите што ги гледа не е безбеден или финансиски пристапен за неа. Сè до куќата на улица Фолгејт. Куќата е архитектурно ремек-дело: минима-листички дизајн од светол камен, затемнети стакла и страшно високи тавани. Но има правила. Мистериозниот архитект што ја дизајнирал куќата ја задржува целата контрола над неа и тој не дозволува книги дома, не дозволува украсни перници, не дозволува рамки за слики или неред или какви било приватни дрангулии. Целта на куќата е да го трансформира станарот и таа навистина го прави тоа.
По една трагедија, на Џејн ѝ треба нов почеток. Кога ја наоѓа куќата на улица Фолгејт, местото веднаш ја привлекува, а заедно со неа и нејзиниот мистериозен архитект. Кога се вселува, Џејн брзо дознава за несреќната смрт на претходната станарка; жена што била многу слична на неа по возраст и изглед. Додека Џејн се обидува да ја одвои вистината од лагите, таа несвесно ја следи истата шема, ги прави истите избори, ги запознава истите луќе и го искусува истиот терор како девојката пред неа.
440 ден
Моментално недостапна
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ISBN: 978-608-4672-84-5
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2017
Број на страници: 345
Marijana (го има купено овој производ од сајтот) – :
Uzivav vo sekoj moment so ovaa kniga. Odlicen triler koj go preporacuvam.
Денис – :
Топ!!!
Стефани (го има купено овој производ од сајтот) – :
Одличен психолошки трилер!🙆🏻♀️
Многу ми се допадна приказната и испреплетувањата меѓу двете девојки.
Цело време е напната книгата и на секоја страница си велиш ајде уште оваа и ќе спијам,ама не,мораш да продолжиш да читаш за да дознаеш што ќе се случи!💥
Ме остави без спиење,ама оправдано.😁
Препорачувам💯
sani4jc – :
Добра книга.Иако очекував уште неколку пресврти во книгата, сепак ми се допадна приказната и стилот на писателот
Нена – :
Многу добар психолошки трилер. Книгата се чита во еден здив. Еден од подобрите нови трилери
Александар Николовски – :
Добра е книгата, не е нешто wow, но во секој случај држи внимание и си е посебна на свој начин, 3.75/5
Слаѓан Бишковски – :
Книга која ќе ве изненади со своите пресврти и случувања, вреди да се прочита; за љубителите на трилер,мистерија 🙂
Franco – :
Прекрасна книга.?