• img-book
    138

    Даниел Грант


ISBN: 978-608-4672-08-1

Часови по секс

од: Даниел Грант

Сите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти. Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели… Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.

Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс… Но кој?

Часови по секс е едноставно, комично и директно ѕиркање во светот на машките проблеми… како машка верзија од „Дневникот на Бриџит Џоунс“

button-new

320 ден

Распродадено

Запознајте се со авторот
avatar-author
- Daniel Grant - 1977

Роден во Сент Албанс, Англија, учел англиски јазик и  политички студии. Работел како асистент за Newsdesk ITN, потоа за BBC, а сега работи како продуцент на телевизиски вести во Лондон. Живее во Годалминг во Сари со сопругата Алисон и нивниот црн лабрадор, Диги. Обожава да пишува, да пие вино и да патува.

Книги од Даниел Грант
137
Купи
Кратка содржина

Сите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти. Зошто, што му недостига? Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели… Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.

Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс… Но кој?

Часови по секс е искрена, но исклучително забавна и смешна унисекс романтична комедија. Напишана од страна на машки автор и со маж како главен лик, ова е уникатна приказна која ќе го зароби вниманието на двата пола, а истовремено ќе ви открие како е да сте во кожата на еден маж кој се бори со еден од најчестите машки проблеми.

Часови по секс е едноставно, комично и директно ѕиркање во светот на машките проблеми, а Даниел Грант е автор без влакна на јазикот.

Часови по секс е како машка верзија од „Дневникот на Бриџит Џоунс“

Детали

ISBN: 978-608-4672-08-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2012
Број на страници: 306

“Часови по секс”

Уште нема коментари за овој производ.