View Cart “Тајната на сопругот” has been added to your cart.
  • img-book
    Pesnata na recnite ptici

    Лиса Вингејт

Попуст!

ISBN: 978-608-260-009-3

Песната на речните птици

од: Лиса Вингејт
5 од 5 од 2 оцени на читатели
2 оцени од читатели

Книгата е базирана на вистинска приказна за еден од најморничавите светски скандали во кој директорка на здружение на сиропиталишта киднапирала и продавала сиромашни деца на богати семејства низ цела Америка.

Мемфис, 1939. Дванаесетгодишната Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче имаат прекрасен живот на нивниот семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Но една вечер, за време на страшна бура, кога татко им мора да ја однесе нивната мајка во болница и ја оставаат Рил како најголема да ги чува помалите деца, одеднаш се појавуваат непознати луѓе. Децата од семејството Фос се нагло и злобно оттргнати од сè што им е познато и завршуваат во сиропиталиште. Иако таму ги уверуваат дека наскоро ќе бидат вратени кај нивните родители, тие набрзо ја сфаќаат мрачната вистина. Соочена со злобата на директорката на институцијата, Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени.

Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е родена во богато и привилегирано семејство, па има сè што може да посака: успешна кариера како обвинител, згоден вереник и раскошна свадба на повидок. Но кога Ејвери се враќа дома за да му помогне на татко ѝ во здравствена криза, една случајна средба ѝ буди рој прашања и ја тера да започне патување низ долго криеното минато на нејзиното семејство.

Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме.

button-new

450 ден 300 ден

Количина:
Запознајте се со авторот
avatar-author
Лиса Вингејт е новинарка, колумнистка, популарна инспиративна говорничка и авторка со неколку бестселери, од кои најголем е Before we were yours; книга која упорно стои на листата на најпродавани според Њујорк Тајмс веќе 9 месеци.
Книги од Лиса Вингејт
Песната на речните птици
Купи
За книгата
Детали

ISBN: 978-608-260-009-3
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2018
Број на страници: 395

  1. (го има купено овој производ од сајтот):

    5 out of 5

    Многу емотивна приказна,се ежев додека ја читав.Посебно ми се допадна тоа што е базирана според вистински случувања.😊🥰
    Овој тип на жанр не ми е омилен,но книгава вреди да се прочита.🤗
    Препорачувам!🍀

  2. :

    5 out of 5

    Преубава приказна со многу сликовити настани, вреди да се прочита – препорачувам 🙂