-
Колин Хувер
Сурова љубов
од: Колин ХуверКога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната взаемна привлечност. И кога ги отвораат картите, сфаќаат дека тоа им одговара на двајцата. Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа.
Никогаш не поставувај прашања за минатото.
Не очекувај иднина.
Двајцата се убедени дека можат да се носат со овој договор, но речиси веднаш сфаќаат дека не можат.
Се кршат ветувања. Се кршат правила. Се кршат срца…
Љубовта станува сурова.
400 ден
ISBN: 978-608-260-029-1
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 340
-
5 out of 5Рајот може да почека од: Кели Тејлор
„Што би правел без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва…
Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден. Она што најмногу ја мачи е тоа што пред да умре, таа беше лута и кога тој рече Те сакам, Луси Браун… таа не рече ништо! Уште несвесна за она што се случува, Луси се буди во предворјето – заглавена на пат помеѓу земјата и рајот. Не, ова не смееше да ѝ се случи! Па утре требаше да биде најсреќниот ден во нејзиниот живот. Таа не бараше премногу од проклетиот живот, таа бараше само да биде со човекот што го љуби и Господ реши дека на тоа треба да му се стави крај. И како да не е доволно лошо што е мртва, зарем мораше да умре без да му каже дека и таа го сака?!
Но чекајте, Луси има избор пред ескалаторот на Рајот. Да, таа може да одбере… Дали сака да оди во рајот и вечно да остане таму… или… сака да се врати на земјата како дух за да биде покрај својата сродна душа? Иако изборот е тежок, па што може проклетиот дух да прави на земјата, не може да живее како човек, Луси сепак одлучува дека не смее да замине пред да се увери дека Ден е добро и пред да му каже дека го сака… Одлуката е донесена, РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА!
-
5 out of 5Само најсекси маж кој постои од: Џули Џејмс
Која е Тејлор Донован? Тејлор Донован веќе 7 години работи за една од најдобрите адвокатски компаниии во Чикаго. Таа е толку добра, врвот на најдобрите и сите најтешки случаи паѓаат во нејзини раце. Сега, ја праќаат во Лос Анџелес за да работи на актуелен случај за сексуална злоупотреба во кој е инволвиран познат ланец на маркети. Таа е одличен адвокат, а ова е прекрасна можност самата себеси уште еднаш да си докаже колку е добра во својата работа, но и да им се заблагодари на своите родители кои се жртвуваа за таа да се здобие со најдоброто и најскапото образование. Млада, успешна и ја обожава својата професија. Звукот на звонењето на телефоните во канцелариите на адвокатската компанија, принтерите кои бучат додека ги печатат извештаите за случаите, викањата по судниците… тоа е мелодија за нејзините уши. Таа не е само убиствено добар адвокат…. таа е воркoхолик.
Кој е Џејсон Ендрус? Чекај, чекај – што е ова? Паралелно со судењето на Тејлор ѝ доделуваат нова задача во која е инволвиран еден познат актер. Колку познат?
Па да речеме дека Бред Пит може да му носи вода. Џејсон Ендрус е смртоносна комбинација на интелигенција, сексипил и шарм. Нешто како Кларк Гејбл или Кери Грант, само уште подобар. Има ли потреба таа да биде загрижена што наеднаш треба да соработува со најпосакуваниот маж на денешницата… со Богот на Сексипилноста? Мислам, таа е сепак професионалец… А тој? Тој е само еден обичен актер. Добро де, познат и до болка привлечен актер. Милиони мисли ѝ се мотаат во главата додека ја напушта канцеларија на својот претпоставен кој ѝ го дава новиот случај. Дали нејзината професионалност за првпат ќе биде ставена на тест? Хммм… Ма ти се молам – па зборуваме за Тејлор Донован овде! Жената која не се скрши ни кога ја раскина својата веридба пред некој месец. Нема ништо што би можело да ја помести нејзината емотивна рамнотежа. Зарем тоа може да го направи еден обичен актер кој дури не го ни познава. Што си мислат луѓето, кој е тој? НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ??? Луѓето кои тоа го мислат не знаат што е 24/7 работа и труд вложени во својата кариера. И нема НИКОЈ, АПСОЛУТНО НИКОЈ да ја загрози нејзината работа… и ја прикаже како недоделкан тинејџер.
Тоа е тоа, нејзиниот збор секогаш мора да биде последен! Но, сепак таа го видела на малите екрани… И тој е неодолив. И згоден. Шармантен. Но и дрзок. Арогантен. Самобендисан. Тоа е човекот кој на национална телевизија изјавува дека секоја жена ја третира како ново сценарио: Ако не му го задржи вниманието после саат време, тој сценариото го фрла!
Уффф… Ќе го поремети ли Господинот Холивуд нејзиниот совршен, педантен свет во кој сè е подредено на кариерата? Може ли некој да ја расплаче Тејлор – онаа која знае дека во „бејзболот нема плачење“?
НАЈПРОДАВАНАТА РОМАНСА НА САКАМ КНИГИ!
-
4.5 out of 5Флерт, уцени и високи потпетици од: Маја Божиновска
Топол и автентичен тон ве зграбува уште од првата страница, како да сте посегнале по книга од веќе добро оформен и етаблиран автор, а не сосема ново име на македонската книжевна сцена. Страница, две, три – ненаситно ги пиев редовите, не можејќи да поверувам каква оригиналност, каква својственост, каква приказна ми падна в раце.
Приказната почнува со љубовна средба на млад пар на брегот на Беровското Езеро и по тонот веднаш се насетува дека станува збор за забранета љубов. Авторката полека ни ја доближува сцената, потег по потег со нејзината раскошна литературна четка на платното, и сфаќаме дека се работи за млад човек кој во прегратка ја држи вереницата на неговиот најдобар пријател.
Веќе заробени од оваа интригантна приказна, во следната глава ја запознаваме малку несмасната, но крајно симпатична хероина, Викторија. Таа се бори да најде работа по завршувањето на факултетот, но брзо станува свесна дека тоа нема да ѝ успее на оној најчесниот начин, па кога со помош на игра на судбината налетува на фотографии кои не се наменети за нејзини очи, решава да го искористи тоа.
Излегува дека човекот од фотографиите кој држи туѓа вереница в прегратка е директор на маркетинг агенција, каде што таа не добива работа, иако е најквалификувана. Викторија одлучува за првпат во животот да покаже заби и му се заканува на младиот директор дека доколку не го добие тоа што праведно ѝ следува, ќе го разоткрие пред неговиот најдобар пријател и бизнис партнер. Немајќи друг избор, директорот на маркетинг агенцијата ѝ го нуди работното место и оттука почнува да се плете една богата таписерија од оригинални ликови и емоции што го држи читателот в рака од прва до последна страница.
Просто е неверојатно дека еден автор дебитант може да има ваков стил, ваков тек на мисли. Самата приказна тече природно и неизбрзано, градацијата е одлична, а перипетијата и расплетот страшно задоволувачки. Флерт, уцени и високи потпетици е модерна македонска приказна што вреди да биде прочитана од страна на секој домашен читател, затоа што оваа приказна е нешто блиско за нас, нешто што има моќ да им се пикне под кожа на многумина. Ова е македонски чик лит во најдобрата смисла на зборот!
-
5 out of 5Нека победи подобриот од: Џули Џејмс
САМОУВЕРЕНА. БЕЗОБРАЗНА. НЕПОБЕДЛИВА…
Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сè од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер.АМБИЦИОЗЕН. НАДМЕН. ЗГОДЕН КАКО ЃАВОЛ…
Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон. Осум години глума и цивилно однесување кога тие двајцата се наоѓаат во присуство на други луѓе. Осум години омраза и војна додека се наоѓаат зад затворени врати иако двајцата знаат дека има две партнерски позиции и нема потреба од војна.И одеднаш, пресврт! Доаѓа известувањето дека нема две туку само една позиција за унапредување!
Па, нека победи подобриот!
Слаѓан – :
Хувер маестрална како и секогаш, многу реални емоции и одлична доза на еротика и драма 🙂
Стефани – :
Убава приказна,само некако очекував повеќе,во споредба со другите нејзини што ги имам прочитано..🙂 Но,сепак ја препорачувам. Има книгата многу емоции,Хувер знае како да те пецне.😍
Здравкица – :
Одлична книга, препорачувам.
Angela – :
Многу досадна,на моменти потсетува на 50 Нијанси сиво,ништо посебно.
Не ми се допадна.
Предвидлива и монотона.
Sandra – :
Mnogu ubava kniga,edna od omilenite na Kolin.
Наталија – :
Топ книга.