-
Сенди Џонс
Другата жена
од: Сенди ЏонсПодготви се да ја запознаеш другата жена: нема нешто што не е подготвена да направи за да те тргне од нејзиниот син…
Емили е убедена дека Адам е совршениот; човекот што мислела дека никогаш нема да го запознае. Но во сенките демне ривалка, жена која има длабока врска со човекот кој таа го сака.
Емили го одбира Адам, но не ја одбира неговата мајка Пами. Сите знаат дека секоја мајка би направила буквално сè за својот син и Емили сега ќе дознае колку далеку е подготвена да оди Пами за да го добие тоа што го сака, а тоа е: Емили засекогаш да исчезне од животот на Адам.
Другата жена е заразен, брз психолошки трилер за деструктивната врска меѓу една жена, човекот што го сака и неговата страшно манипулативна мајка.
440 ден269 ден
2 на залиха
Проверете подоцна…
ISBN: 978-608-260-014-7
Издавач: Издавачка куќа Сакам Книги
Година на издавање: 2019
Број на страници: 360
Изабела Велковска – :
Емили е успешна девојка која ужива во прекрасните опуштени вечери со својата другарка, заборавајќи се во филмови, серии и чоколада. При завршувањето на еден досаден семинар, ќе забележи личност која ќе ја освои во првиот миг. Таа смета дека Адам е совршена личност, човек кој е достоен за неа.
“Бидете отворени. Луѓето треба да чувствуваат дека можат да ви пристапат.”
Адам е самоуверена личност, кој многу се грижи за својата мајка. Емили одбира да биде со Адам, но не успева да се спријатели со неговата мајка. Таа потајно се моли дека неговата мајка ќе престане да му влијае на својот син и ќе исчезне засекогаш од нивните животи.
“Се забележува кога треба и се прави дека ништо не забележува кога не треба да гледа.”
Ликот на Пами, мајката на Адам ќе успее да направи многу сплетки и интриги, во кои ќе ужива. Колку далеку е подготвена да оди Пами за да ја постигне својата посакувана цел?
“Никој друг не можеше да забележи, но добро, никој таму не ја знаеше како јас.”
Книга која ќе успее добро да го помати вашиот ум. Ќе имате многу претпоставки и на неколку наврати ќе се обидете да го предвите крајот. Ова е одличен прихолошки трилер, кој ќе се обиде да ви ја долови врската помеѓу мажот и жената, но и неговата мајка. Оставам на вас да откриете кои се позитивните, а кои негативните ликови во оваа книга.
Андријана – :
Книгава не се испушта од раце, динамична и лесна, само не го очекував крајот. Од мене една солидна 4ка ❤️
Денис – :
Книгава е маестрална , 10+