-
Колин Хувер
Безнадежно
од: Колин ХуверЛажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на
седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.
450 ден
1 на залиха
Издавач: Арс Ламина
Година на издавање:
Број на страници:
-
4.9 out of 5Перфектна хемија од: Симон Елкелс
Една осумнаесетгодишна матурантка со внимателно создаден „перфектен“ живот. Со перфектна маска, со перфектен изглед, со „перфектно“ семејство, со перфектно момче, со група најдобри пријатели, со ветувачка иднина, со беспрекорна репутација. Или барем така мислат оние околу неа…
Едно осумнаесетгодишно лошо момче со ужасно минато и уште помрачна иднина, со група пријатели бандити, со семејство кое зависи од него, со куп проблеми и без страв. Тој нема соништа, нема амбиции, нема цели затоа што и покрај тоа што има потенцијал, Алекс е свесен дека таквите како него никогаш не стигнуваат далеку…
Еден важен проект по хемија кој ги спојува како партнери и еден облог дека лошото момче може да ја освои добрата девојка кој ги поврзува во игра. Но оваа игра е како игра со оган – колку и да е забавно и изгледа безопасно, ако премногу му се приближиш, огнот ќе те изгори и ќе остави лузни.
Она што Британи Елис не го знае е дека нејзината маска и „перфектен“ живот ќе почнат да ѝ се распаѓаат пред очи. Она што Алекс Фуентес не го знае е дека Британи не е само арогантна популарна девојка, туку вистинска личност со вистински проблеми која ќе го натера да стави точка на лошиот живот кој досега го живеел и да побара нешто повеќе од својата иднина.
За сите млади кои сè уште го бараат својот пат, за оние кои не се чувствуваат добро во „својата кожа“ која им е наметната од други, за сите кои се чувствуваат помалку вредно и важно од останатите, за сите на кои им е потребна инспирација, за сите кои бараат уживање и позитивна енергија, за сите кои бараат одобрување за своите постапки, а длабоко во себе не им е потребно, за сите кои веруваат дека не е лесно да се обидуваш да бидеш совршен, за сите кои веруваат дека класните разлики не можат да ги разделат луѓето и не можат да направат разлика во големината на љубовта… За сите оние на кои им се допадна „Три метри над небото“…
Интернационално популарен роман за млади со 4 освоени награди.
-
4.36 out of 5Роза за балерината од: Лурлин МекДениел
Верувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја?
Роза за балерината е книга која ќе ве внесе во неколку туѓи, тажни и поврзани животи.
Стилот на пишување во кој е избегнато стандардното раскажување и дејствијата се расплетуваат во форма на писма, мејлови, четувања преку интернет итн., ве тера да се почувствувате како навистина да читате нечии писма, како да чепкате во туѓо сандаче со мејлови и како вистински да сте инволвирани во сите настани.
Приказната започнува со првиот училишен ден на Џес и Мелинда, а од тој ден започнува и нивното неверојатно пријателство, поврзаност и љубов.
Две мали деца со големи срца и амбиции…
-
Попуст!4.67 out of 5Крадец на колачиња (101 инспиративна приказна) од:
Секој живот е приказна која вреди да се раскаже.
Секој од нас доживува и преживува настани кои самите по себе се уникатна приказна.
Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот. Книгата содржи 101 приказна, секоја уникатна и прекрасна сама по себе, секоја со различна поука и порака која треба да нè потсети на сите работи кои понекогаш ги забораваме. Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Приказните се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, а сепак сложени и тешки, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.
Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…
Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…
Уште нема коментари за овој производ.